260
МАКЕДОНСКИ
Заштита од други причини
Системот за заштита исто така е дизајниран за
други причини што може да го оштетат компресорот
и овозможува тој да запре автоматски. Преземете ги
сите следни чекори за да ги отстраните причините
кога компресорот привремено ќе запре или ќе
престане со работата.
1. Исклучете го компресорот и потоа повторно
вклучете го за да се рестартира.
2. Наполнете ја батеријата или заменете ја со
наполнета батерија.
3. Оставете ги компресорот и батеријата да се
оладат.
Доколку не дојде до подобрување со враќање на
системот за заштита, контактирајте со локалниот
сервисен центар на Makita.
РАБОТЕЊЕ
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
алатот пред ставањето или вадењето на
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги алатот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата.
Ако не ги држите
цврсто алатот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
►
Сл.2:
1.
Црвен индикатор
2.
Копче
3.
Касета за
батерија
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете
ја од алатот додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
За монтирање на касетата за батерија, порамнете
го јазичето на касетата за батерија со жлебот во
куќиштето и лизнете го во место. Вметнете ја докрај
додека не се блокира во место при што ќе се слушне
звук. Ако можете да го видите црвениот индикатор
како што е прикажано на сликата, не е целосно
блокирана во место.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно додека
црвениот индикатор не се изгасне.
Во
спротивно, може ненадејно да испадне од алатот
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила.
Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
►
Сл.3:
1.
Индикаторски ламбички
2.
Копче за
проверка
Индикаторски ламбички
Преостанат
капацитет
Запалено
Исклучено
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
НАПОМЕНА:
Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА:
Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Опис на работата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Ризик од бучава
•
Носете штитници за ушите за да ги
заштитите од бучавата од издувни гасови
и бучавата за време на работата.
Вентил за одвод:
Вентилот за одвод се наоѓа во долниот дел од
резервоарот за воздух и се користи за одвод на
кондензацијата на крајот од секоја употреба.
Систем за автоматско исклучување:
Ако компресорот автоматски се исклучи пред да го
достигне нормалниот притисок на исклучување:
1. Свртете го прекинувачот за вклучување/
автоматско исклучување во позиција „Off“.
2. Извадете ја касетата за батерија.
3. Почекајте додека компресорот се излади.
(околу 10 мин.)
4. Монтирајте ја касетата за батерија.
5. Свртете го прекинувачот за вклучување/
автоматско исклучување во позиција „On/Auto“.