102
МАКЕДОНСКИ
Адаптер за врвот
Користете го адаптерот за врвот за да се спречи
гребење или оштетување на површината на
работниот материјал.
►
Сл.11:
1.
Адаптер за врвот
2.
Контактен елемент
Резервниот адаптер за врвот е складиран на
местото прикажано на сликата.
►
Сл.12:
1.
Резервен адаптер за врвот
Поврзување црево за воздух
ВНИМАНИЕ:
Не ставајте го прстот на
прекинувачот при поврзување на цревото за воздух.
►
Сл.13:
1.
Приклучок за воздух
2.
Приклучна
спојка за воздух
Лизнете ја приклучната спојка за воздух од цревото
на приклучокот за воздух на алатот. Уверете се дека
приклучната спојка за воздух цврсто се блокира на
место кога ќе се монтира на приклучокот за воздух.
На или блиску до алатот треба да има монтирана
спојка за црево, така што резервоарот за притисок ќе
се празни кога ќе се откачи спојката за доток на воздух.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред работата, проверете
дали сите безбедносни системи се во исправна
состојба.
Проверка на правилна функција
пред работа
Пред работата, секогаш проверувајте ги следниве точки.
— Осигурете се дека алатот не работи со самото
поврзување на цревото за воздух.
— Осигурете се дека алатот не работи со самото
повлекување на прекинувачот.
—
Осигурете се дека алатот не работи со самото
поставување на контактниот елемент на работниот
материјал, без да го повлечете прекинувачот.
Заковување на шајките
За да заковате шајка, ставете го контактниот елемент
на материјалот и повлечете го прекинувачот.
►
Сл.14
ВНИМАНИЕ:
АКО ГО ДРЖИТЕ
ПРЕКИНУВАЧОТ ДО ПОЛОВИНА, може да дојде до
неочекувано заковување ако дозволите контактниот
елемент повторно да го допре материјалот или
некоја друга површина под влијание на полнењето.
За да се избегне таквото неочекувано
заковување, постапувајте вака;
•
Не ставајте го контактниот елемент на
работниот материјал со прекумерна сила.
•
Повлечете го прекинувачот целосно и
држете го 1-2 секунди по заковувањето.
Отстранување заглавени шајки
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Секогаш откачувајте
го цревото пред да ги отстраните шајките.
ВНИМАНИЕ:
Не користете криви шајки или
лента за шајки.
Во спротивно, може да дојде до
отежнато додавање шајки.
1.
Отворете ја лизгачката врата и отстранете ги
шајките од магацинот.
►
Сл.15
2.
Оставете ја отворена лизгачката врата и
повлечете го резето за да ја отворите вратата и да ги
отстраните шајките.
►
Сл.16:
1.
Резе
2.
Врата
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред проверки и одржување,
секогаш откачувајте го цревото.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Шајки
Внимателно ракувајте со лентите за шајки и нивните
кутии. Ако со лентите за шајки се ракувало грубо,
може да се деформирани, што ќе предизвика нивно
послабо доставување.
Избегнувајте да ги чувате шајките на многу влажно
или жешко место или на директно сонце.
Одржување на заковувачот
Секогаш проверувајте ја општата состојба на алатот
и сите завртки пред да работите со него. Затегнете
по потреба.
Кога алатот не е приклучен, секојдневно
проверувајте дали контактниот елемент и
прекинувачот се движат слободно. Не користете го
алатот ако контактниот елемент или прекинувачот
се заглавуваат или се лепат.
Кога алатот нема да се користи подолго време,
подмачкајте о алатот со масло за пневматски алати
и одложете го на безбедно место. Избегнувајте
изложување на директно сонце и/или влажна и
топла средина.
►
Сл.17