103
МАКЕДОНСКИ
Одржување на компресорот,
комплетот за воздух и цревото за
воздух
По работата, секогаш испразнете ги резервоарот
на компресорот и филтерот за воздух. Доколку се
дозволи навлегување влага во алатот, може да дојде
до лошо работење и, потенцијално, до дефект на
алатот.
►
Сл.18:
1.
Испусен вентил
►
Сл.19:
1.
Филтер за воздух
Редовно проверувајте дали има доволно пневматско
масло во подмачкувачот на комплетот за воздух. Ако
не се одржува доволно подмачкување, О-прстените
ќе се абат брзо.
►
Сл.20:
1.
Подмачкувач
2.
Масло за пневматски
алат
Цревото за воздух треба да се чува подалеку од
топлина (над 60°C, над 140°F) и од хемикалии
(разредувач, јаки киселини или алкални супстанци).
Исто така, поставувајте го цревото подалеку од
пречки во кои може да се заплетка при работата,
предизвикувајќи опасност. Цревата треба да бидат
и подалеку од остри рабови и области што може да
доведат до оштетувања или гребење на цревото.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството.
Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
•
Шајки
•
Црево за воздух
•
Заштитни очила
НАПОМЕНА:
Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.