42
МАКЕДОНСКИ
1.
Држете го алатот цврсто со двете раце на
пилата и поставете ги рацете, така што
ќе даваат отпор на силата на повратните
удари. Поставете го телото од која било од
страните на сечилото, но не во линија со
сечилото.
Пилата може да отскокне наназад
заради повратниот удар, но операторот
може да ја контролира силата на повратните
удари ако се преземат соодветните мерки на
претпазливост.
2.
Кога сечилото ќе се заглави, или кога се
прекинува сечењето заради каква било
причина, отпуштете го прекинувачот за
активирање и оставете ја пилата без да ја
движите во работниот материјал додека
сечилото не застане целосно. Не обидувајте
се да ја извадите пилата од резот или да
ја повлекувате наназад додека се движи,
инаку може да дојде до повратен удар.
Испитајте и преземете мерки за отстранување
на причините за лепење на сечилото.
3.
Кога ја рестартирате пилата во работниот
материјал, поставете го сечилото на пилата
во засекот и осигурете се дека запците
на пилата не се допираат со материјалот.
Ако сечилото на пилата се залепи, може
да се придвижи нагоре или да предизвика
повратен удар од работниот материјал при
рестартирање на пилата.
4.
Прицврстете ги плочите или материјалите
што се преголеми за да го намалите
ризикот од заглавување на сечилото и
повратен удар.
Големи парчиња материјал
обично се виткаат од сопствената тежина.
Прицврстувачите мора да бидат поставени
под плочата од обете страни, во близина на
линијата на сечење и во близина на работ на
плочата.
►
Сл.2
►
Сл.3
5.
Не користете истапени или оштетени
сечила.
Ненаострените или неправилно
поставените сечила создаваат тесен засек со
тоа создавајќи прекумерно триење, лепење на
сечилото и повратен удар.
6.
Дебелината на сечилото и рачките за
нагодување и блокирање на косината мора
да бидат добро прицврстени и обезбедени
пред да се пристапи кон сечење.
Ако
нагодувањето на сечилото се менува за време
на сечењето, може да дојде до лепење на
сечилото и повратен удар.
7.
Бидете многу внимателни кога сечете во
постоечки ѕидови или други слепи области.
Сечилото што стрчи може да засече предмети
што може да предизвикаат повратен удар.
8.
СЕКОГАШ цврсто држете го алатот со двете
раце. НИКОГАШ не ставајте ја дланката,
ногата или дел од телото под основата
на алатот или зад пилата, особено кога
правите паралелни засеци.
Ако дојде до
повратен удар, пилата може лесно да отскокне
наназад преку вашата рака што може да
доведе до тешка телесна повреда.
►
Сл.4
9.
Никогаш не туркајте ја пилата со прекумерна
сила. Туркајте ја пилата нанапред со брзина
при која сечилото сече без забавување.
Ако ја туркате пилата со прекумерна сила,
може да дојде до нерамни засеци, губење на
прецизноста и можен повратен удар.
Функција на заштитникот
1.
Проверувајте го заштитникот дали е
затворен правилно пред секоја употреба.
Не ракувајте со пилата ако заштитникот
не се движи слободно и веднаш затворете
го сечилото. Никогаш немојте да го
пристегнувате или заврзувате заштитникот,
така што сечилото ќе биде изложено.
Ако
пилата ненадејно падне, заштитникот може
да се свитка. Проверете за да бидете сигурни
дека заштитникот се движи слободно и не го
допира сечилото или некој друг дел, во сите
агли и дебелини на сечењето.
2.
Проверете го функционирањето и
состојбата на повратната пружина
на заштитникот. Ако заштитникот и
пружината не работат правилно, тие мора
да се сервисираат пред да се користат.
Заштитникот може да работи бавно заради
оштетени делови, лепливи наслаги или
насобран отпаден материјал.
3.
Бидете сигурни дека базната плоча
на пилата нема да се помести додека
го извршувате „потопниот засек“ кога
поставувањето на надолжното косо сечење
на сечилото не е на 90°.
Страничното
движење на сечилото ќе предизвика лепење и
веројатно повратен удар.
4.
Секогаш внимавајте заштитникот да го
покрива сечилото пред да ја поставите
пилата на масата или на подот.
Незаштитеното сечило ќе предизвика пилата
да се придвижи наназад, сечејќи сè што е на
патот. Имајте го предвид времето потребно за
сечилото да запре откако прекинувачот ќе се
отпушти.
Дополнителни безбедносни предупредувања
1.
Особено бидете внимателни кога сечете влажно
дрво, дрвени материјали обработувани под
притисок или дрва со глуждови.
Одржувајте
лесно напредување со алатот без намалување
на брзината на сечилото за да избегнете
презагревање на врвовите на сечилото.
2.
Не обидувајте се да го тргнете работниот
материјал додека сечилото е во движење.
Почекајте сечилото да запре пред да го
фатите исечениот материјал.
Тркалото
запира постепено откако ќе се исклучи.
3.
Избегнувајте сечење шајки. Проверете
и извадете ги сите шајки од дрвените
елементи пред сечењето.
4.
Поставете го поширокиот дел на основата
на пилата врз оној дел на работниот
материјал кој е стабилно прицврстен, а не
врз делот кој ќе отпадне откако ќе се изврши
сечењето. Ако работниот материјал е
краток или мал, прицврстете го со стега. НЕ
ОБИДУВАЈТЕ СЕ ДА ГИ ДРЖИТЕ КРАТКИТЕ
ПАРЧИЊА СО РАКА!
Summary of Contents for CA5000
Page 2: ...Fig 1 Fig 2 Fig 3 Fig 4 Fig 5 Fig 6 1 2 Fig 7 1 Fig 8 2 ...
Page 3: ...1 4 2 3 Fig 9 2 1 Fig 10 1 Fig 11 2 1 3 Fig 12 1 Fig 13 Fig 14 2 1 Fig 15 1 2 3 4 Fig 16 3 ...
Page 4: ...1 Fig 17 1 2 3 4 Fig 18 1 Fig 19 2 1 Fig 20 1 2 Fig 21 1 Fig 22 Fig 23 1 Fig 24 4 ...
Page 5: ...1 Fig 25 1 Fig 26 1 Fig 27 5 ...
Page 78: ...78 ...
Page 79: ...79 ...