88
МАКЕДОНСКИ
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување
или проверка на алатот, проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
алатот пред ставањето или вадењето на
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги алатот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата.
Ако не ги држите
цврсто алатот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
За монтирање на касетата за батерија, порамнете
го јазичето на касетата за батерија со жлебот во
куќиштето и лизнете го во место. Вметнете ја докрај
додека не се блокира во место при што ќе се слушне
звук. Ако можете да го видите црвениот индикатор
како што е прикажано на сликата, не е целосно
блокирана во место.
За да ги извадите касетите за батерија, подигнете
ја касетата за батерија додека го туркате копчето на
предната страна на касетата.
►
Сл.2:
1.
Црвен индикатор
2.
Копче
3.
Касета за
батерија
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно додека
црвениот индикатор не се изгасне.
Во
спротивно, може ненадејно да испадне од алатот
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила.
Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
НАПОМЕНА:
Алатот не работи само со една
касета за батерија.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
►
Сл.3:
1.
Индикаторски ламбички
2.
Копче за
проверка
Индикаторски ламбички
Преостанат
капацитет
Запалено
Исклучено
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
НАПОМЕНА:
Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА:
Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на алатот и на батеријата. Алатот
автоматски ќе се исклучи за време на работењето
ако тој или батеријата се најдат под еден од
следниве услови. Во некои услови, индикаторите ќе
се вклучат.
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот/батеријата се работи на начин
што предизвикува повлекување прекумерно
висока струја, алатот автоматски се исклучува.
Во таква ситуација, исклучете го алатот и
запрете со примената што предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го
алатот.
Заштита од прегревање
Кога алатот/батеријата се прегреани, алатот
автоматски ќе запре и ламбата ќе трепка. Во оваа
ситуација, оставете го алатот да се излади пред
повторно да го вклучите.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата ќе падне на ниско
ниво, алатот автоматски ќе запре, а индикаторската
ламбичка на касетата за батерија ќе трепка. Ако
алатот не работи дури ни кога ќе се вклучат или
исклучат прекинувачите, извадете ги батериите од
алатот и наполнете ги.
Summary of Contents for CE002G
Page 2: ...2 1 2 4 3 6 5 19 15 18 13 16 14 22 8 11 7 9 10 12 20 21 17 Fig 1 ...
Page 3: ...3 1 1 2 3 Fig 2 1 2 Fig 3 1 Fig 4 1 2 Fig 5 1 2 Fig 6 1 Fig 7 1 2 3 4 Fig 8 ...
Page 4: ...4 1 2 3 4 2 5 Fig 9 2 3 4 1 2 Fig 10 3 4 1 2 Fig 11 Fig 12 1 2 Fig 13 3 1 2 Fig 14 ...
Page 5: ...5 1 Fig 15 1 1 Fig 16 Fig 17 1 Fig 18 1 Fig 19 1 Fig 20 Fig 21 ...
Page 6: ...6 1 Fig 22 1 3 2 4 Fig 23 1 3 2 Fig 24 1 Fig 25 1 2 1 2 Fig 26 Fig 27 ...
Page 7: ...7 1 Fig 28 2 1 Fig 29 1 Fig 30 1 Fig 31 1 2 1 2 Fig 32 1 2 Fig 33 ...
Page 8: ...8 1 Fig 34 1 3 2 Fig 35 1 2 Fig 36 1 3 2 Fig 37 1 3 2 Fig 38 ...