46
МАКЕДОНСКИ
Наменета употреба
Алатот е наменет за собирање сув прав.
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Безбедносни предупредувања за
безжичната правосмукалка
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ВАЖНО!
ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ВНИМАТЕЛНО сите
безбедносни предупредувања и сите упатства
ПРЕД УПОТРЕБА.
Ако не се почитуваат
предупредувањата и упатствата, може да дојде до
струен удар, пожар и/или тешки повреди.
1.
Да не се изложува на дожд. Да се чува во
затворена просторија.
2.
Не дозволувајте да се користи како играчка.
Кога се користи во близина на деца,
потребно е да се обрне особено внимание.
3.
Користете го само онака како што е опишано
во ова упатство. Користете само додатоци
што се одобрени од производителот.
4.
Не користете оштетена батерија. Ако уредот
не работи како што треба, бил испуштен,
оштетен, оставен на отворено или паднал
во вода, вратете го во сервисен центар.
5.
Не ракувајте со уредот со влажни раце.
6.
Не ставајте никакви предмети во отворите.
Не користете го доколку кој било од
отворите е блокиран; одржувајте го чист и
без прав, текстилни влакненца, коса и што
било друго што може да го намали протокот
на воздух.
7.
Држете ја косата, лабавата облека и сите
делови од телото подалеку од отворите и
подвижните делови.
8.
Исклучете ги сите контроли пред да ја
извадите батеријата.
9.
Обрнете особено внимание кога чистите скали.
10.
Не користете го за подигање запаливи
или согорливи течности, како на пример,
бензин, и не користете го во области каде
што тие може да бидат присутни.
11.
За полнење, користете го само
полначот што е испорачан од страна на
производителот.
12.
Не подигајте ништо што гори или чади, како
на пример, цигари, догорчиња или жежок
пепел.
13.
Н користете го без вреќа за прав и/или без
поставени филтри.
14.
Не полнете ја батеријата надвор.
15.
Полнете само со полначот одреден од
страна на производителот.
Полнач што
е соодветен за еден тип батерија може да
создаде ризик од пожар кога се користи со
друга батерија.
16.
Исклучиво користете ги електричните
алати со конкретно наменети батерии.
Користењето други батерии може да создаде
ризик од повреда и пожар.
17.
Кога батеријата не се користи, држете ја
настрана од други метални предмети, како
што се спојувалки, монети, клучеви, шајки или
други мали метални предмети што може да
послужат како врска од еден на друг приклучок.
18.
При неправилна употреба, од батеријата
може да истече течност. Избегнувајте
контакт со неа. Ако дојде до ненамерен
контакт, измијте со вода.
19.
Не користете батерии или алат што се
оштетени или менувани.
Оштетените или
менуваните батерии може да прикажуваат
непредвидливо однесување што резултира со
оган, експлозија или опасност од повреда.
20.
Не изложувајте ги батериите или алатот
на оган или прекумерна температура.
Изложувањето на оган или температура над
130°C може да предизвика експлозија.
21.
Следете ги сите упатства за полнење
и не полнете ги батериите или алатот
надвор од температурниот опсег наведен
во упатството.
Неправилното менување
или менувањето на температури надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата
и да ја зголеми опасноста од оган.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ДОПОЛНИТЕЛНИ
БЕЗБЕДНОСНИ ПРАВИЛА
Овој уред е наменет за употреба во
домаќинството.
1.
Внимателно прочитајте ги ова упатство
за употреба и упатството за употреба за
полначот пред употребата.
2.
Не подигајте ги следниве материјали:
—
Жешките материјали, како на пример
запалени цигари или искречки/метален
прав што се создава од брусењето/
сечењето метал
—
Запаливи материјали, како на пример,
бензин, разредувач, газија, керозин
или боја
—
Експлозивни материјали, како на
пример, нитроглицерин
—
Запаливи материјали, како на пример,
алуминиум, цинк, магнезиум, титаниум,
фосфор или целулоид
—
Влажен прав, вода, масло или слично
—
Тврди парчиња со остри рабови, како
на пример, дрвени делканици, метали,
камења, стакло, шајки, игли или жилети
—
Прав што може да предизвика
затнување, како на пример, цемент или
прав за тонер
—
Проводлив прав, како на пример, метал
или јаглерод
—
Мали честички, како на пример, прав
од бетон
Summary of Contents for CL106FD
Page 2: ...Fig 1 3 1 2 Fig 2 1 2 Fig 3 1 Fig 4 1 2 Fig 5 3 2 1 Fig 6 2 1 Fig 7 1 2 Fig 8 2 ...
Page 3: ...1 2 Fig 9 1 2 Fig 10 1 2 Fig 11 2 1 Fig 12 1 2 Fig 13 1 2 Fig 14 1 Fig 15 1 Fig 16 3 ...
Page 4: ...1 Fig 17 2 1 Fig 18 Fig 19 3 2 1 Fig 20 1 Fig 21 1 Fig 22 1 Fig 23 2 1 3 Fig 24 4 ...
Page 5: ...1 2 Fig 25 1 Fig 26 1 Fig 27 2 1 Fig 28 1 2 Fig 29 1 Fig 30 1 Fig 31 1 2 3 Fig 32 5 ...
Page 6: ...2 1 Fig 33 3 2 1 Fig 34 Fig 35 Fig 36 Fig 37 Fig 38 1 2 Fig 39 6 ...
Page 7: ...1 Fig 40 1 2 3 Fig 41 2 3 1 4 Fig 42 2 1 Fig 43 1 2 Fig 44 1 2 Fig 45 7 ...
Page 8: ...2 1 3 Fig 46 8 ...
Page 83: ...83 ...