67
МАКЕДОНСКИ
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
Секогаш пред да ја монтирате
касетата на батеријата во алатот, проверувајте
дали лостот на прекинувачот функционира
исправно и се враќа во положбата „OFF
(ИСКЛУЧЕНО)“ кога ќе се отпушти.
ВНИМАНИЕ:
За ваша безбедност, овој
алат е опремен со лост за одблокирање кој
спречува алатот да се вклучи ненамерно.
НИКОГАШ не користете го алатот ако работи
кога едноставно ќе го повлечете прекинувачот
за стартување без повлекување на лостот за
одблокирање. Вратете го алатот во нашиот
овластен сервисен центар за соодветна
поправка ПРЕД натамошна употреба.
ВНИМАНИЕ:
Не повлекувајте го силно
лостот на прекинувачот без да го повлечете
лостот за заклучување.
Тоа може да предизвика
дефект на прекинувачот.
ВНИМАНИЕ:
НИКОГАШ немојте да
ја залепувате или да ја оневозможувате
функцијата на рачката за блокирање.
За да спречите случајно повлекување на лостот на
прекинувачот, вграден е лост за заклучување.
За да го стартувате алатот, повлечете го лостот за
блокирање кон операторот, а потоа, повлечете го
лостот на прекинувачот.
За да го запрете алатот, отпуштете го лостот на
прекинувачот.
►
Сл.4:
1.
Рачка за блокирање
2.
Рачка на
прекинувач
Бирач за нагодување на брзината
Брзината на ротација на алатот може да се нагоди
со вртење на бирачот за нагодување на брзината.
Табелата подолу ги прикажува бројот на бирачот и
соодветната брзина на ротација.
►
Сл.5:
1.
Бирач за нагодување на брзината
Број
Брзина
1
3.000 мин.
-1
2
4.500 мин.
-1
3
6.000 мин.
-1
4
7.500 мин.
-1
5
8.500 мин.
-1
ЗАБЕЛЕШКА:
Ако со алатот се ракува
континуирано при ниска брзина подолго
време, моторот ќе се прегрее, што може да
резултира со дефект на уредот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога ја менувате брзината
на бирачот од „5“ на „1“, свртете го бирачот
налево. Не вртете го бирачот надесно со сила.
Функција за автоматско менување
на брзината
►
Сл.6:
1.
Индикатор за режим
Статус на индикатор за
режим
Работен режим
Режим со голема брзина
Режим на голем вртежен
момент
Овој алат има „режим со голема брзина“ и „режим
со голем вртежен момент“. Автоматски го менува
работниот режим во зависност од работното
оптоварување. Кога индикаторот за режим ќе се
вклучи во текот на работењето, алатот е во режим
на голем вртежен момент.
Функција за спречување случајно
рестартирање
Кога ја монтирате касетата за батеријата додека го
повлекувате лостот на прекинувачот, алатот не се стартува.
За да го стартувате алатот, прво, отпуштете го лостот на
прекинувачот. Потоа, повлечете го лостот за блокирање,
а потоа, повлечете го лостот на прекинувачот.
Електронска функција за
регулирање сила на вртење
Алатот електронски открива ситуации каде тркалото
или опремата се изложени на ризик да бидат
ограничени. Во таа ситуација, алатот автоматски
се исклучува за да спречи додатна ротација на
вретеното (не спречува повратен удар).
За да го рестартирате алатот, прво исклучете го,
отстранете ја причината за ненадејниот пад на
брзината на ротација, а потоа вклучете го.
Одлика за меко стартување
Одликата за меко стартување ја намалува почетната
реакција.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување
или проверка на алатот, проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
Местење на страничниот држач (рачка)
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте дали
страничниот држач е наместен цврсто пред да
работите.
Завртете го страничниот држач цврсто во положбата
на алатот како што е прикажано на сликата.
►
Сл.7
Summary of Contents for DGA419
Page 2: ...2 1 3 Fig 1 1 2 Fig 2 1 Fig 3 2 1 Fig 4 1 Fig 5 1 Fig 6 Fig 7 2 ...
Page 3: ...3 2 1 Fig 8 2 B 1 A B Fig 9 2 B 1 A B B C C Fig 10 1 2 Fig 11 1 2 Fig 12 3 ...
Page 4: ...1 Fig 13 1 2 Fig 14 B A 1 2 Fig 15 2 1 4 3 Fig 16 1 2 Fig 17 B A 1 Fig 18 4 ...
Page 5: ...15 Fig 19 Fig 20 Fig 21 Fig 22 Fig 23 2 1 Fig 24 1 Fig 25 5 ...
Page 6: ...2 6 7 4 5 2 3 1 Fig 26 6 ...
Page 118: ...118 ...
Page 119: ...119 ...