155
МАКЕДОНСКИ
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО
Значење на индикациите „внимание“ и
„предупредување“
Внимание:
Укажува на можна опасна
ситуација, која доколку
не се избегне, може да
резултира со мали или лесни
повреди. Тоа, исто така, се
користи за предупредување
за небезбедно работење
поврзано со настани што би
можеле да доведат до лични
повреди.
Предупредување:
Укажува на можна опасна
ситуација која, доколку не се
избегне, ќе резултира со смрт
или сериозна повреда.
*** Макита нема да биде одговорна за какви
било случајни оштетувања или лични
повреди настанати како резултат на
занемарување на Предупредувањата и
Упатствата за безбедност содржани во
Упатството за употреба.
Наменета употреба
Алатот е наменет за сечење арматура.
Бучава
Типична А-вредност за ниво на бучавата одредена
во согласност со EN60745:
Ниво на звучниот притисок (L
pA
): 78 dB (A)
Отстапување (K): 3 dB (A)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Носете заштита за
ушите.
Вибрации
Вкупна вредност на вибрациите (векторска сума на
три оски) одредена според EN60745:
Работен режим: ударно стегање на завртките при
максимална моќност на алатот
Ширење вибрации (a
h
): 2,5 м/с
2
Отстапување (K): 1,5 м/с
2
НАПОМЕНА:
Номиналната јачина на вибрациите
е измерена во согласност со стандардните
методи за испитување и може да се користи за
споредување алати.
НАПОМЕНА:
Номиналната јачина на вибрациите
може да се користи и како прелиминарна процена
за изложеност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Јачината на
вибрациите при фактичкото користење на алатот
може да се разликува од номиналната вредност,
зависно од начинот на којшто се користи алатот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Погрижете се да
ги утврдите безбедносните мерки за заштита
на лицето кое ракува со алатот врз основа на
процена на изложеноста при фактичките услови
на употреба (земајќи ги предвид сите делови
на работниот циклус, како периодите кога
електричниот алат е исклучен и кога работи во
празен од, не само кога е активен).
Декларација за сообразност за ЕУ
Само за земјите во Европа
Декларацијата за сообразност од ЕУ (EC) е вклучена
како Додаток А во упатствата за корисникот.
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ
УПАТСТВА
•
„Важните безбедносни упатства“ што се
опишани подолу треба секогаш да се следат
за да се намали ризикот од пожар, електричен
удар и лични повреди.
•
Пред да работите со машината, прочитајте ги и
внимателно следете ги овие упатства.
•
Ова упатство треба да го зачувате за во
иднина.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
1. Пред употреба, внимателно прочитајте го
Упатството за употреба.
2. Користете ги само полначот и батеријата
што се наведени во ова Упатство за
употреба.
·
Која било комбинација, освен наведената во
ова упатство, може да предизвика повреда или
оштетување поради експлозија.
3. Наполнете ја правилно.
·
Користете го овој полнач само со номиналната
моќност на напојувањето со наизменична
струја. Не користете трансформатори
засилувачи ниту генератори од возило, а исто
така, не користете го полначот за снабдување
на еднонасочна струја. Неправилна употреба
може да предизвика прегревање и пожар.
·
Не полнете ја батеријата на температура под
10°C (50°F) или над 40°C (104°F), бидејќи тоа
може да предизвика експлозија или пожар.
4.
Не предизвикувајте краток спој на спојките
на батеријата. Избегнувајте чување на
батеријата во сад со други метални
предмети, како шајки, монети итн. Тоа
може да предизвика прегревање, пожар и
експлозија поради краток спој.
Summary of Contents for DSC251
Page 3: ...3 1 Fig 8 1 Fig 9 1 Fig 10 1 2 3 4 5 8 6 7 Fig 11 1 Fig 12 1 Fig 13 ...
Page 4: ...4 1 Fig 14 ...
Page 177: ...177 ...
Page 178: ...178 ...
Page 179: ...179 ...