160
МАКЕДОНСКИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ЗА КОРИСТЕЊЕ НА
НАЗАБЕНА ПИЛА
Сигурност на работната област
1. Уверете се дека вреќата за прав е правилно
поставена. Без вреќата за прав, кога се
оштетени сечилата на назабената пила,
парчињата од сечилата ќе летаат надвор
и може да предизвикаат сериозни телесни
повреди.
2. Држете ги набљудувачите настрана додека
работите. Дури и со поставена вреќа за прав,
оштетените сечила или жешките струготини
можат да одлетаат надвор од вреќата, што би
довело до сериозни телесни повреди.
3. Може да се предизвикаат искри при сечење
со сечилата на назабената пила. Не користете
го алатот каде што има ризик од пожар или
експлозија.
4. Сечењето со сечилата на назабената пила е
гласно. Имајте ја предвид работната средина.
Облека и заштитна опрема
5. Носете заштитна опрема; безбедносни очила,
безбедносни чевли, маска против прашина
и шлем. Дури и со поставена вреќа за прав,
оштетените сечила или жешките струготини
можат да одлетаат надвор од капакот што би
довело до телесни повреди.
6. Носете соодветна облека. Не носете
вратоврска, широка облека или плетени
ракавици. Косата покријте ја со прекривка
или капа за коса за да не биде во допир со
ротирачките сечила.
Пред употребата
7. Осигурете се дека сечилата на назабената
пила не се деформирани, оштетени, испукани
или истрошени. Не користете ја назабената
пила ако утврдите дека има каква било штета
или истрошеност. Сечењето во такви услови
може да предизвика понатамошно оштетување
на сечилата и сериозни телесни повреди.
8. Не користете ја назабената пила за каква било
друга апликација, освен онаа што е наведена
во спецификацијата на алатот. Користењето
на назабената пила за други примени може да
предизвика прекумерно абење, одделување
на сечилата, лошо сечење и абнормално
производство на топлина што може да
резултира со оштетување на ножевите и
сериозни телесни повреди.
Замена на назабената пила
9. При замена на назабената пила, осигурете
се дека батеријата е отстранета од алатот за
да спречите случајно вклучување и телесна
повреда.
10. Осигурете се дека нема никој во околината
додека работите и дека нема абнормални
звуци или абнормални вибрации при работата.
Работењето со абнормални звуци или
абнормални вибрации може да ги оштети
сечилата што би довело до сериозни телесни
повреди.
За време на работењето
11. Не користете ја назабената пила за какви било
други цели освен за сечење. Не изложувајте
ги сечилата на оштетување или притисок. Така
може да се скршат сечилата што би довело до
сериозна телесна повреда.
12. Цврсто држете го материјалот во менгеме или
слично, така што нема да може да се движи
при сечењето. Ако материјалот се движи,
работата станува нестабилна и не може да се
контролира, што ќе резултира со оштетување
на сечилата и можни сериозни телесни
повреди.
13. Започнете со сечење дури откако назабената
пила ќе ја достигне максималната брзина. Ако
назабената пила е поставена врз материјалот
пред стартувањето на моторот, сечилата ќе
бидат преоптоварени и оштетени, што може да
доведе до можни сериозни телесни повреди.
14. Не сечете цик-цак, заоблено, дијагонално, ниту
пак употребувајте ја страната на сечилото за
поткревање или за каква било друга цел.
15. Ако за време на сечењето има абнормален
звук, абнормални вибрации или ако деловите
за сечење се многу истрошени, прекинете со
работа.
Со продолжување на работата во такви услови
ќе се оштетат сечилата на назабената пила и
ќе дојде до исфрлање парчиња што може да
предизвикаат сериозни телесни повреди.
16. Континуираното работење ги загрева сечилата
на назабената пила и ја намалува ефикасноста
на сечење.
Одржување
17. Ако има деформација, пукнатина или
оштетување на назабената пила, стопирајте
ја работата. Со продолжување на работата
во такви услови уште повеќе ќе се оштети
назабената пила, поради што може да се
скрши. Исфрлените скршени делчиња може да
предизвикаат сериозни телесни повреди.
18. Употребувајте само назабени пили што се во
добра состојба, а сечилата остри и чисти.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Секогаш носете
заштитна опрема; безбедносни очила,
безбедносни чевли, маска против прашина и
шлем.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Користете само
назабена пила обезбедена од Makita. Со
користењето на делови што не се на Makita
може да се оштети алатот и тоа може да доведе
до сериозна несреќа или повреда.
Summary of Contents for DSC251
Page 3: ...3 1 Fig 8 1 Fig 9 1 Fig 10 1 2 3 4 5 8 6 7 Fig 11 1 Fig 12 1 Fig 13 ...
Page 4: ...4 1 Fig 14 ...
Page 177: ...177 ...
Page 178: ...178 ...
Page 179: ...179 ...