36 МАКЕДОНСКИ
2. Бургија за одвртување или приклучок за бургија
Ако не се користи точната големина на бургија
за одвртување или приклучок за бургија,
може да настане намалување на моментот на
затегнување.
3. Завртка
•
Иако коефициентот на вртежниот
момент и класата на завртката се исти,
правилниот вртежен момент за стегање ќе
се разликува во зависност од дијаметарот
на завртката.
•
Иако дијаметрите на завртките се
исти, правилниот вртежен момент за
стегање ќе се разликува во зависност
од коефициентот на вртежниот момент,
класата на завртката и должината на
завртката.
4. Начинот на држењето на алатот или положбата
на завртката во однос на материјалот ќе
влијаат врз вртежниот момент.
5. Ракувањето со алатот при ниска брзина ќе
предизвика намалување на моментот на
затегнување.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството.
Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
•
Бургии за одвртување
•
Приклучни бургии
•
Бургија
•
Кука
•
Пластичен куфер за носење
•
Заштитник за батерија
•
Закачалка на алатот
•
Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА:
Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.