58 МАКЕДОНСКИ
Менување на поставката на
вртежен момент (режим на
одвртувач)
Вртежниот момент на затегнување може да се
прилагоди со притискање на копчето во режим
на одвртувач.
Бројките на LED-дисплејот ја покажуваат поставката
на вртежен момент. Вртежниот момент на
затегнување на минимум на бројот 1 и на максимум
на бројот 9. Ознаката „Р“ претставува специјален
режим за затегнување саморезни завртки.
Со секое притискање на копчето , поставката на
вртежен момент се менува од 1 до 9 и Р, а потоа се
враќа на 1.
Поставката на вртежниот момент се менува брзо со
повторување на притискањето на копчето.
Режимот Р е соодветен за затегнување саморезни
завртки во челични плочи во следниве услови.
•
Со лизгачот за промена на брзината поставен
на страната „2“, се врши затегнување на
завртки од максимум 4 мм во челични плочи од
максимум 3,2 мм.
•
Со лизгачот за промена на брзината поставен
на страната „1“, се врши затегнување на
завртки од максимум 5 мм.
Пред да започнете со реалната работа, завртете
пробна завртка во вашиот материјал или примерок
од истиот за да одредите кое ниво на вртежен
момент е потребно за конкретната примена.
Прво, обидете се да ја завртите завртката во „1“.
Потоа, зголемете го бројот за да продолжите со
затегнување. Цврсто држете го алатот при работата.
ВНИМАНИЕ:
Не затегнувајте ја машинската
завртка во режим Р. Може нагло да го изврти
вашиот зглоб и да резултира со телесна повреда.
НАПОМЕНА:
•
Проверете го бројот на LED-дисплејот пред
да започнете со работа. Ако бројот на е
покажан, контактирајте го вашиот најблизок
сервисен центар на Makita.
•
Кога преостанатиот капацитет на батеријата
падне на ниско ниво во режим на одвртувач,
светлото трепка неколку пати кога ќе се
заврши со затегнување на завртката. Во
таков случај, наполнете ја батеријата. Ако
продолжите да работите, може да не го
добиете саканиот вртежен момент.
•
Додека се повлекува прекинувачот,
поставката на вртежниот момент не може да
се промени.
•
Приближно една минута по отпуштање на
прекинувачот, поставката на вртежниот
момент може да се промени. Ако сакате
да ја промените поставката на вртежниот
момент после тоа, повторно повлечете го
прекинувачот.
•
Бројот на поставката на вртежниот момент не
претставува специфична стапка на вртежен
момент.
Сигнал за празна батерија
(Конкретно за држава)
►
Сл.10:
1.
Капацитет на батеријата
Преостанатиот капацитет на батеријата ќе виде
покажан на LED-дисплејот кога ќе се повлече
прекинувачот.
Преостанатиот капацитет на батеријата се
прикажува во вид на следнава табела.
LED индикатор за
статусот
Преостанат капацитет на
батеријата
Околу 50% или повеќе
Околу 20% - 50%
Нешто помалку од 20%
НАПОМЕНА:
•
Кога LED-дисплејот ќе се исклучи, алатот се
исклучува за да се заштеди енергијата на
батеријата. За да го проверите преостанатиот
капацитет на батеријата, повлечете го малку
прекинувачот.
•
LED-дисплејот се исклучува приближно една
минута откако ќе се отпушти прекинувачот.
•
Кога температурата на алатот ќе стане
висока, ламбата ламбата трепка еднаш во
секунда во период од една минута, а потоа
LED-дисплејот се исклучува. Во ваков случај,
оладете го алатот пред да започнете со
работа.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
•
Пред секое дотерување или проверка
на алатот, секогаш проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или вадење втичник
за одвртување/дупчење/
приклучок
►
Сл.11
Користете го само втичникот за одвртување/
дупчење/приклучок прикажан на сликата. Не
користете никакви други втичници за одвртување/
дупчење/приклучок.