61 МАКЕДОНСКИ
Режим на ударна дупчалка
ВНИМАНИЕ:
•
Секогаш цврсто држете го алатот при
работата. Доаѓа до јака и ненадејна вртлива
сила што делува врз алатот/втичникот кога ќе
дојде до продирање на дупката, кога дупката
ќе се затне од распрсканите отпадоци или
кога удри во армирани шипки вградени во
бетонот.
Осигурете се да користите бургија обложена со
тунгстен-карбид.
Поставете ја бургијата на посакуваното место за
дупката и потоа повлечете го прекинувачот за
стартување. Не туркајте со прекумерна сила врз
алатот. Користењето благ притисок дава најдобри
резултати. Држете го алатот во позиција и спречете
да се лизне настрана од дупката.
Не применувајте поголем притисок кога дупката ќе
се затне со распрсканите парчиња. Наместо тоа,
работете со алатот во празен од, потоа делумно
извадете ја бургијата од дупката. Повторувајќи го
ова неколку пати, дупката ќе се исчисти и може да
се продолжи со нормално дупчење.
Режим на дупчење
ВНИМАНИЕ:
•
Притискањето силно врз алатот нема
да го забрза дупчењето. Всушност, овој
прекумерен притисок само ќе го оштети врвот
на бургијата, ќе ги намали перформансите на
алатот и ќе го скрати неговиот работен век.
•
Доаѓа до јака сила која делува врз алатот/
бургијата при дупнувањето на дупката.
Цврсто држете го алатот и грижливо
напредувајте кога бургијата почнува да
навлегува во материјалот.
•
Заглавената бургија може лесно да се извади
со поставување на прекинувачот за обратна
акција на обратна ротација за да се повлече
назад. Сепак, алатот може да отскокне
наназад нагло ако не го држите доволно
дврсто.
•
Секогаш прицврстувајте ги малите работни
материјали на менгеме или сличен уред за
прицврстување.
•
Не повлекувајте го прекинувачот повеќе пати
кога е блокиран моторот. Тоа може да го
оштети алатот.
За дупчење во дрво, најдобри резултати се
добиваат со дупчалки за дрво опремени со завртка-
водилка. Завртката-водилка го олеснува дупчењето
така што го влече втичникот во работниот материјал.
За дупчење во метал, за да спречите втичникот
да се лизне кога започнувате дупка, направете
вдлабнатина на местото кадешто ќе се дупчи со
удар со чекан. Поставете го врвот на втичникот во
вдлабнатината и започнете со дупчење.
Користете средство за подмачкување при сечење
кога дупчите метали. Исклучок се железото и
месингот што треба да се дупчат на суво.
НАПОМЕНА:
•
Изберете соодветна брзина за работното
оптоварување. Дупчењето над следниот
капацитет може да го оштети алатот.
Капацитет за дупчење
Висока
брзина
Ниска
брзина
Челик
6,5 мм
Челик
Дрво
Дрво
12 мм
10 мм
21 мм
Режим на одвртувач
ВНИМАНИЕ:
•
Прилагодете го бројот на LED-дисплејот
на соодветното ниво на вртежен момент за
вашата работа.
•
Осигурете се дека втичникот е вметнат
правилно во главата за одвртување/
завртување, во спротивно завртката и/или
втичникот може да се оштетат.
•
Држете го алатот цврсто. Кога квачилото ќе
се активира или при повторно затегнување,
може да настане ненадејна извртувачка сила
и може да го изврти вашиот зголб.
Поставете го врвот на втичникот за одвртување
во главата на завртката и применете притисок
врз алатот. Стартувајте го алатот бавно и потоа
постепено зголемувајте ја брзината.
НАПОМЕНА:
•
Овој алат има вградено електронско
квачило. Алатот запира автоматски кога ќе
се активира квачилото. За да продолжите да
работите, отпуштете го прекинувачот еднаш.
•
Кога завртувате хол-завртки, однапред
дупнете пилот-дупки за да го направите
завртувањето полесно и за да спречите
помрднување од работниот материјал.
Погледнете ја табелата.
Номинален дијаметар
на хол-завртката (мм)
Препорачлива големина
на пилот-дупката (мм)
3,1
2,0 - 2,2
3,5
2,2 - 2,5
3,8
2,5 - 2,8
4,5
2,9 - 3,2
4,8
3,1 - 3,4
5,1
3,3 - 3,6
5,5
3,7 - 3,9
5,8
4,0 - 4,2
6,1
4,2 - 4,4