51
МАКЕДОНСКИ
Систем за заштита на батеријата
Литиум-јонска батерија со ознака на ѕвезда
►
Сл.2:
1.
Ознака на ѕвезда
Литиум-јонските батерии со ознака на ѕвезда
се опремени со заштитен систем. Овој систем
автоматски го прекинува напојувањето на алатот за
да го продолжи работниот век на батеријата.
Алатот автоматски ќе запре за време на работењето ако алатот
и/или батеријата се најдат под еден од следниве услови:
Преоптовареност:
Со алатот се ракува на начин што предизвикува тој да
повлекува ненормално висока електрична енергија.
Во таква ситуација, исклучете го алатот и
запрете со примената која предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го алатот.
Ако алатот не се вклучи, батеријата е прегреана. Во
оваа ситуација, оставете ја батеријата да се излади
пред повторно да го вклучите алатот.
Низок напон на батеријата:
Преостанатиот капацитет на батеријата е премал
и алатот не може да работи. Во оваа ситуација,
извадете ја и наполнете ја батеријата.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за касети за батерии со „B“ на крајот од
бројот на моделот
►
Сл.3:
1.
Индикаторски ламбички
2.
Копче за
проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата за батеријата
за укажување на преостанатиот капацитет на батеријата.
Индикаторските ламбички светнуваат неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Преостанат
капацитет
Запалено
Исклучено
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
НАПОМЕНА:
Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
Вклучување
►
Сл.4:
1.
Прекинувач
ВНИМАНИЕ:
Пред да ја ставите батеријата
во алатот, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF“ кога ќе се отпушти.
За вклучување на алатот, едноставно повлечете го
прекинувачот за стартување. Брзината на алатот
се зголемува со зголемување на притисокот врз
прекинувачот. Отпуштете го прекинувачот за да
сопрете.
НАПОМЕНА:
Алатот автоматски запира ако го
држите прекинувачот повлечен околу 6 минути.
Вклучување на предната ламба
ВНИМАНИЕ:
Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
►
Сл.5:
1.
Ламба
►
Сл.6:
1.
Копче
За да го вклучите статусот на светилката,
притиснете го копчето
една секунда. За да
го исклучите статусот на светилката, повторно
притиснете го копчето
една секунда.
Со статусот на светилката поставен на ON
(ВКЛУЧЕНО), повлечете го прекинувачот за да ја
вклучите светилката. За да ја исклучите, отпуштете
го. Светилката ќе се исклучи приближно 10 секунди
по отпуштањето на прекинувачот.
Со статусот на светилката поставен на OFF
(ИСКЛУЧЕНО), светилката не се вклучува дури ни
кога ќе го повлечете прекинувачот.
НАПОМЕНА:
За да го потврдите статусот
на светилката, повлечете го прекинувачот.
Кога светилката светнува со повлекување на
прекинувачот, нејзиниот статус е ON (ВКЛУЧЕН).
Кога светилката не се вклучува, нејзиниот статус е
OFF (ИСКЛУЧЕН).
НАПОМЕНА:
Кога алатот е прегреан, светилката
свети една минута, а потоа LED-дисплејот се
исклучува. Во ваков случај, оладете го алатот
пред повторно да продолжите со работа.
НАПОМЕНА:
Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на ламбата
затоа што тоа може да го намали осветлувањето.
НАПОМЕНА:
Кога го повлекувате прекинувачот,
статусот на светилката не може да се промени.
НАПОМЕНА:
Околу 10 секунди по отпуштање на
прекинувачот, статусот на светилката може да се
промени.
Та
ше
в
-
Га
лв
ин
г
ОО
Д
www.tashev-galving.com