51
МАКЕДОНСКИ
Совети за одржување максимален
работен век на батеријата
1.
Заменете ја касетата за батеријата пред целосно
да се испразни. Секогаш запирајте ја работата со
алатот и заменете ја касетата за батеријата кога
ќе забележите дека алатот дава помала моќност.
2.
Никогаш немојте да полните целосно полна
касета за батерија. Прекумерното полнење
го скратува работниот век на батеријата.
3.
Полнете ја касетата за батеријата на собна
температура од 10°C - 40°C. Дозволете
загреаната касета за батерија да се олади
пред да ја ставите на полнење.
4.
Кога не ја користите касетата за батерија,
извадете ја алатот или полначот.
5.
Полнете ја касетата за батеријата доколку не ја
користите подолго време (повеќе од шест месеци).
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
•
Пред секое прилагодување или проверка
на алатот, проверувајте дали е исклучен и
батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
батеријата
►
Сл.1:
1.
Црвен индикатор
2.
Копче
3.
Батерија
ВНИМАНИЕ:
•
Секогаш исклучувајте го алатот пред
ставањето или вадењето на батеријата.
•
Држете ги алатот и батеријата цврсто кога
ја монтирате или отстранувате батеријата.
Доколку не ги држите цврсто алатот и
батеријата, тоа може да доведе до нивно
лизнување од вашите раце и да резултира со
оштетување на алатот и на батеријата, како и
со телесни повреди.
За да ја извадите батеријата, повлечете ја од алатот додека
го лизгате копчето на предната страна на батеријата.
За да ја монтирате батеријата, порамнете го јазичето на
батеријата со жлебот во куќиштето и турнете ја да застане
во место. Вметнете ја до крај додека не се заклучи во
место при што ќе се слушне мало кликнување. Ако можете
да го видите црвениот индикатор на горната страна од
копчето, тоа значи дека не е заклучена целосно во место.
ВНИМАНИЕ:
•
Секогаш монтирајте ја батеријата целосно додека
црвениот индикатор не се изгасне. Во спротивно,
може случајно да испадне од алатот, со тоа
предизвикувајќи повреда вам или некому околу вас.
•
Немојте да ја монтирате батеријата на сила.
Ако батеријата не може да се лизне лесно,
тоа значи дека не е поставена правилно.
НАПОМЕНА:
•
Алатот не работи само со една батерија.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
►
Сл.2:
1.
Индикаторски ламбички
2.
Копче за
проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Преостанат
капацитет
Запалено
Исклучено
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
НАПОМЕНА:
Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА:
Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на алатот и на батеријата.
Алатот автоматски ќе застане за време на
работењето ако алатот или батеријата се поставени
под еден од следниве услови: Во некои услови,
индикаторите ќе се вклучат.
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот се работи на начин што предизвикува
да повлекува прекумерно висока струја, алатот
автоматски се исклучува без никаква индикација.
Во таква ситуација, исклучете го алатот и запрете
со примената која предизвикала алатот да се
преоптовари. Потоа, повторно вклучете го алатот.
Summary of Contents for DUH551
Page 2: ...1 2 3 1 2 1 1 2 1 2 3 1 1 2 Fig 1 Fig 2 Fig 3 Fig 4 Fig 5 Fig 6 Fig 7 Fig 8 2 ...
Page 3: ...1 2 3 1 2 3 4 1 2 1 2 3 Fig 9 Fig 10 Fig 11 Fig 12 Fig 13 Fig 14 Fig 15 Fig 16 3 ...
Page 4: ...1 2 1 2 1 2 3 1 1 1 2 Fig 22 1 Fig 17 Fig 18 Fig 19 Fig 20 Fig 21 Fig 23 4 ...
Page 5: ...1 Fig 25 1 2 3 Fig 26 1 1 1 2 1 2 Fig 24 Fig 27 Fig 28 Fig 29 Fig 30 5 ...
Page 6: ...Fig 31 6 ...
Page 90: ...90 ...
Page 91: ...91 ...