55
МАКЕДОНСКИ
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Општи упатства за безбедност за
електричните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации дадени со
електричниот алат.
Ако не се почитуваат сите
упатства наведени подолу, може да дојде до
струен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите
предупредувања и упатства
за да може повторно да ги
прочитате.
Под терминот „електричен алат“ во
предупредувањата се мисли на вашиот електричен
алат кој работи на струја (со кабел) или на батерии
(безжично).
Безбедносни предупредувања за
безжичната фреза за жива ограда
1.
Држете ги сите делови од телото
настрана од сечилото. Не отстранувајте
го пресечениот материјал и не држете
го материјалот што треба да се сече
кога сечилата се во движење.
Сечилата
продолжуваат да се вртат откако прекинувачот
ќе се исклучи. Момент на невнимание при
работата со тримерот за жива ограда може да
резултира со тешка телесна повреда.
2.
Носете го тримерот за жива ограда за
рачката, со запрено сечило и внимавајќи
да не работите со ниеден прекинувач за
напојување.
Правилното носење на тримерот
за жива ограда ќе го намали ризикот од
ненамерно стартување и резултирање со
физичка повреда од сечилата.
3.
Кога го транспортирате или складирате
тримерот за жива ограда, секогаш поставувајте
го капакот на сечилото.
Правилното ракување со
тримерот за жива ограда ќе го намали ризикот од
физичка повреда од сечилата.
4.
Кога чистите заглавен материјал или ја
сервисирате единицата, осигурете се
дека сите прекинувачи за напојување се
исклучени и дека батериите се извадени
или исклучени.
Неочекуваното активирање
на тримерот за жива ограда додека се чисти
заглавен материјал или се сервисира може да
резултира со сериозна физичка повреда.
5.
Држете го тримерот за жива ограда само за
изолираните држачи затоа што сечилото
може да дојде во допир со скриени жици.
Сечилата што ќе допрат жица под напон може
да ја пренесат струјата до изложените метални
делови на тримерот за жива ограда и да
предизвика струен удар на операторот.
6.
Држете ги сите жици за напојување и каблите
подалеку од областа каде што се сече.
Жиците за напојување или каблите може да
бидат скриени во живите огради или грмушките
и може случајно да се пресечат со сечилото.
7.
Не користете го тримерот за жива ограда
при лоши временски услови, особено кога
има ризик од грмотевици.
Ова го намалува
ризикот од удар на гром.
8.
Кога му го предавате тримерот за жива
ограда на друго лице, еднаш ставете го на
земја и подигнете го откако целосно ќе ја
тргнете раката.
Подавањето на тримерот за
жива ограда со рака предизвикува да ги држите
и предната и задната рачка истовремено, а
потоа тримерот за жива ограда ненамерно се
стартува. Ненамерното стартување може да
предизвика сериозна повреда.
Дополнителни безбедносни упатства
Подготовка
1.
Проверете дали има туѓи предмети во
живата ограда и грмушките, како на пример,
жичени огради или сокриени кабли, пред да
започнете со работата.
2.
Алатот не смеат да го користат деца или
млади лица под 18-годишна возраст.
Младите лица над 16-годишна возраст може да
бидат исклучени од ова ограничување кога се
обучуваат под надзор на стручно лице.
3.
Корисниците-почетници треба да бидат
обучени од искусен корисник кој треба да
им покаже како се користи алатот.
4.
Користете го алатот само ако сте во добра
физичка состојба.
Ако сте уморни, вашето
внимание ќе биде намалено. Бидете особено
внимателни на крајот од работниот ден. Сите работи
изведувајте ги смирено и внимателно. Корисникот е
одговорен за сите штети нанесени на трети страни.
5.
Никогаш не користете го алатот кога сте под
влијание на алкохол, наркотични средства
или лекарства.
6.
Работните кожни ракавици се дел од
основната опрема на алатот и мора да се
носат кога се работи со неа. Исто така, носете
обувки со дебел ѓон што не се лизгаат.
7.
Пред да започнете со работа, проверете и
осигурете се дека алатот е безбеден и е во добра
работна состојба. Осигурете се дека штитниците
се правилно поставени. Алатот не смее да се
користи освен ако не е целосно составен.
Работење
1.
Држете го алатот цврсто со двете раце кога
го користите.
2.
Алатот е наменет за операторот да го
користи на ниво на почвата. Не користете
го алатот на скали ниту на некоја друга
нестабилна потпора.
3.
ОПАСНОСТ - Држете ги рацете настрана од
сечилото.
Контактот со сечилото ќе резултира
со сериозна телесна повреда.
4.
Не користете алатот на дожд или во влажни
или многу мокри услови.
Електромоторот не
е водоотпорен.
Summary of Contents for DUH607
Page 2: ...2 3 2 1 Fig 1 1 2 Fig 2 2 1 3 Fig 3 1 Fig 4 1 Fig 5 1 2 Fig 6 3 1 2 4 5 Fig 7 ...
Page 3: ...3 1 Fig 8 1 Fig 9 1 Fig 10 1 Fig 11 1 1 Fig 12 1 2 Fig 13 1 Fig 14 1 2 3 Fig 15 ...
Page 4: ...4 Fig 16 3 3 1 2 Fig 17 1 2 Fig 18 1 Fig 19 1 2 2 Fig 20 1 2 1 Fig 21 ...
Page 5: ...5 1 Fig 22 1 2 Fig 23 Fig 24 Fig 25 Fig 26 Fig 27 Fig 28 Fig 29 ...
Page 6: ...6 Fig 30 Fig 31 1 Fig 32 ...