64
МАКЕДОНСКИ
Носете заштитни ракавици.
Носете цврсти чизми со ѓонови што
не се лизгаат. Препорачливо е да се
носат безбедносни чизми со челично
засилување во областа на прстите.
Не изложувајте го на влага.
Највисока дозволена брзина на алатот.
Никогаш не користете метално сечило.
Ni-MH
Li-ion
Само за земјите од ЕУ
Не фрлајте ја електричната опрема или
батеријата заедно со домашниот отпад!
Земајќи ги предвид европските
директива за отпадна електрична
и електронска опрема и за батерии
и акумулатори и отпадни батерии и
акумулатори и нивното спроведување
во согласност со националните закони,
електричната опрема и батеријата/ите
на крајот на нивниот работен век мораат
да се собираат одделно и да се вратат
во еколошки објект за рециклирање.
Само за земјите во Европа
Декларација за сообразност за ЕУ
Makita изјавува дека следната машина(и):
Ознака на машината:
Безжичен тример за трева
Модел бр./Тип: DUR142L, DUR182L, DUR183L
Технички податоци: видете ја табелата
„ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ“.
Усогласени се со следниве европски Директиви:
2000/14/EC, 2006/42/EC
Тие се произведени во согласност со следниве
стандарди или стандардизирани документи:
EN60335, EN50636
Техничкото досие во согласност со 2006/42/EC е
достапно преку:
Makita, Jan-Baptist Vinkstraat 2, 3070, Belgium
Постапката за оцена на сообразноста што се бара
со Директивата 2000/14/EC беше извршена во
согласност со Анекс VI
Ополномоштен орган:
TÜV Rheinland LGA Products GmbH
Tillystraße 2
90431 Nürnberg, Germany
Идентификациски број 0197
Модел DUR142L
Измерено ниво на јачина на звукот: 89 дБ (A)
Гарантирано ниво на јачина на звукот: 90 дБ (A)
Модел DUR182L, DUR183L
Измерено ниво на јачина на звукот: 90 дБ (A)
Гарантирано ниво на јачина на звукот: 90 дБ (A)
1.10.2015
Yasushi Fukaya
Директор
Makita, Jan-Baptist Vinkstraat 2, 3070, Belgium
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ
УПАТСТВА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања и сите упатства.
Ако
не се следат предупредувањата и упатствата, може
да дојде до струен удар, пожар и/или тешка повреда.
Чувајте ги сите
предупредувања и упатства
за да можете повторно да ги
прочитате.
1.
Запознајте се со контролите и правилната
употреба на опремата.
2.
Елементите за сечење продолжуваат да
вртат откако моторот ќе се исклучи.
3.
Никогаш не дозволувајте деца или луѓе
што не се запознаени со упатствата да ја
користат машината.
4.
Запрете со користење на машината кога има
луѓе, особено деца, или домашни животни
во близина.
5.
Користете ја машината само на дневна
светлина или во услови на добро вештачко
осветлување.
6.
Пред употреба на машината и по каков било
здобиен удар, проверете дали има знаци
на изабеност или оштетување, и направете
соодветни поправки.
7.
Внимавајте да не се повредите од кој било од
монтираните уреди за потсекување. Откако
ќе издолжите нов дел од жицата за сечење,
секогаш враќајте ја машината во нејзината
нормална работна положба пред да ја вклучите.
8.
Никогаш не поставувајте метални елементи
за сечење.
9.
Овој уред не е наменет за да го користат
лица (вклучувајќи и деца) со намалени
физички, сетилни или ментални способности
или лица без искуство и знаење, освен ако
не ги надгледува или не им дава упатства за
користење лице што е одговорно за нивната
безбедност. Децата треба да се под надзор за
да се осигура да не си играат со уредот.
10.
Користете го овој алат со голема грижа и
внимание.
11.
Користете го алатот само ако сте во добра
физичка состојба. Сите работи изведувајте
ги смирено и внимателно. Користете здрав
разум, и имајте на ум дека операторот или
корисникот е одговорен за несреќите или
опасностите што им се случуваат на другите
луѓе или нивниот имот.