165
МАКЕДОНСКИ
МАКЕДОНСКИ (Оригинални упатства)
СПЕЦИФИКАЦИИ
Модел:
MP100D
Вкупна должина
235 мм - 255 мм
Максимален притисок на воздух
121 PSI / 830 kPa
Работен циклус
5 минути вклучено/5 минути исклучено
Номинален напон
D.C. 10,8 V - 12 V максимално
Нето тежина
1,2 - 1,3 кг
•
Поради нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите тука подлежат на промена без најава.
•
Спецификациите и касетата за батеријата може да се разликуваат од држава до држава.
•
Тежината може да се разликува во зависност од додатоците, вклучувајќи ја и касетата за батерија.
Најлесната и најтешката комбинација, согласно процедурата на ЕПТА 01/2014 (Европската асоцијација
за електрични алати), се прикажани во табелата.
Применлива касета за батерија и полнач
Касета за батерија
BL1016 / BL1021B / BL1041B
Полнач
DC10SB / DC10WD / DC18RE
•
Некои од касетите за батерии и полначите наведени погоре може да не се достапни зависно од регионот во кој живеете.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Користете ги само касетите за батерии и полначите наведени погоре.
Користењето какви било поинакви касети за батерии и полначи може да создаде ризик од повреда и/или пожар.
Симболи
Долунаведените симболи се користат кај опремата.
Видете што значат пред да почнете да работите.
Прочитајте го упатството за користење.
Опасност од распукување.
Ni-MH
Li-ion
Само за земјите на ЕУ
Не фрлајте ја електричната опрема или
батеријата заедно со домашниот отпад!
Земајќи ги предвид европските
директиви за отпадна електрична
и електронска опрема и за батерии
и акумулатори и отпадни батерии и
акумулатори и нивното спроведување
во согласност со националните закони,
електричната опрема и батеријата/ите
на крајот на нивниот работен век мора
да се собираат одделно и да се вратат
во еколошки објект за рециклирање.
Наменета употреба
Алаткава е наменета за пумпање гуми, спортски
топки или мали гуми за пловење.
Бучава
Типична А-вредност за ниво на бучавата одредена
во согласност со EN60745-1:
Ниво на звучниот притисок (L
pA
) : 72 dB (A)
Отстапување (K): 3 dB (A)
Нивото на бучава при работа може да надмине 80 dB (A).
НАПОМЕНА:
Номиналната вредност(и) за
емисија на бучава е измерена во согласност со
стандардни методи за испитување и може да се
користи за споредување алати.
НАПОМЕНА:
Номиналната вредност(и) за
емисија на бучава може да се користи и како
прелиминарна процена за изложеност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Носете заштита за
ушите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Емисијата на бучава
при фактичкото користење на алатот може
да се разликува од номиналната вредност(и),
зависно од начинот на којшто се користи
алатот, особено од тоа како вид работен
материјал се обработува.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Погрижете се да
ги утврдите безбедносните мерки за заштита
на лицето кое ракува со алатот врз основа
на процена на изложеноста при фактичките
услови на употреба (земајќи ги предвид сите
делови на работниот циклус, како периодите
кога електричниот алат е исклучен и кога
работи во празен од, не само кога е активен).
Вибрации
Вкупна вредност на вибрациите (векторска сума на
три оски) одредена во согласност со EN60745-1:
Работен режим: Пумпање (830 kPa)
Ширење вибрации (a
h
) : 3,8 м/с
2
Отстапување (K): 1,5 м/с
2