60 МАКЕДОНСКИ
Заштита од преоптоварување
Кога со машината или со батеријата се ракува
на начин што предизвикува повлекување
нетипично висока струја, машината автоматски
се исклучува и ламбичката за главно напојување
на машината трепка зелено. Во таква ситуација,
исклучете ја машината и запрете со примената што
предизвикала негово преоптоварување. Потоа,
вклучете ја машината за да се рестартира.
Заштита од прегревање
Кога машината или батеријата е прегреана, таа
автоматски запира. Кога машината е прегреана,
ламбичката за главно напојување свети црвено.
Кога батеријата е прегреана, ламбичката за главно
напојување на машината трепка црвено. Оставете ги
машината и батеријата да се изладат пред повторно
да ја вклучите машината.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата не е доволен,
машината автоматски ќе запре и ламбичката за
главно напојување на машината трепка црвено. Во
овој случај, извадете ја батеријата од машината и
наполнете ја батеријата или сменете ја батеријата
со целосно наполнета.
Прекинувач за главно напојување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Секогаш
исклучувајте го прекинувачот за главно
напојување кога не се користи.
За да ја вклучите машината, притиснете го
прекинувачот за главно напојување. Ламбичката
за главно напојување светнува зелено. За
исклучување, повторно притиснете го прекинувачот
за главно напојување.
►
Сл.15:
1.
Прекинувач за главно напојување
2.
Ламбичка за главно напојување
НАПОМЕНА:
Оваа машина има вградена
функција за автоматско исклучување. За
избегнување на ненамерното стартување,
прекинувачот за главно напојување автоматски ќе
се исклучи кога прекинувачот за стартување не се
повлекува определено време по вклучување на
прекинувачот за главно напојување.
НАПОМЕНА:
Ако го притиснете прекинувачот за
главно напојување кога контролниот лост не е
целосно вратен на положба исклучено, или додека
го повлекувате прекинувачот за стартување,
ламбичката за главно напојување трепка зелено.
Во овој случај, целосно вратете го контролниот
лост или отпуштете го прекинувачот за
стартување, а потоа притиснете го прекинувачот
за главно напојување.
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Пред да ја
вметнете касетата за батерија во машината,
секогаш проверувајте дали прекинувачот за
стартување функционира правилно и дали
се враќа во положбата ИСКЛУЧЕНО кога ќе се
отпушти.
За вклучување на машината, едноставно повлечете
го прекинувачот за стартување. Брзината се
зголемува со зголемување на притисокот на
прекинувачот за стартување. Отпуштете го
прекинувачот за стартување за да сопре.
►
Сл.16:
1.
Прекинувач
Може да ја користите машината во Засилен режим.
Во засилен режим, волуменот на воздухот станува
поголем споредено со нормален режим. За да ја
користите машината во засилен режим, повлечете го
прекинувачот за стартување се додека прекинувачот
за стартување не запре на половина, а потоа
целосно повлечете го прекинувачот за стартување.
►
Сл.17:
1.
Прекинувач
НАПОМЕНА:
Во зависност од условите за
употреба или на батеријата, употребата на
засилениот режим е ограничена за да се заштити
машината. Ако ламбичката за главно напојување
на машината трепка зелено кога целосно ќе
го повлечете прекинувачот за стартување или
кога ја користите машината во засилен режим,
засилениот режим не е достапен.
НАПОМЕНА:
Засилениот режим не е достапен со
вртење на контролниот лост.
Функцијата за темпомат
Функцијата за темпомат на операторот му
овозможува да одржува константна брзина без
да го повлече прекинувачот. За зголемување на
брзината, свртете го контролниот лост нанапред. За
намалување на брзината, свртете го контролниот
лост наназад.
►
Сл.18:
1.
Контролен лост
Функција за спречување случајно
рестартирање
Машината не стартува дури ни со монтирање
на касетата за батеријата додека го повлекувате
прекинувачот за стартување. За да ја стартувате
машината, отпуштете го прекинувачот за стартување
и целосно вратете го контролниот лост, а потоа
повлечете го прекинувачот за стартување.
Summary of Contents for UB001G
Page 2: ...2 3 1 1 Fig 1 1 2 Fig 2 2 1 Fig 3 1 3 2 Fig 4 2 3 1 4 Fig 5 2 1 Fig 6 2 ...
Page 3: ...1 2 2 Fig 7 Fig 8 1 2 3 Fig 9 1 2 3 Fig 10 1 1 Fig 11 1 Fig 12 3 ...
Page 4: ...2 3 1 1 Fig 13 1 2 Fig 14 1 2 Fig 15 1 Fig 16 1 Fig 17 1 Fig 18 4 ...
Page 5: ...Fig 19 Fig 20 Fig 21 Fig 22 15m Fig 23 Fig 24 Fig 25 5 ...
Page 6: ...1 Fig 26 1 Fig 27 6 ...
Page 101: ...101 ...
Page 102: ...102 ...
Page 103: ...103 ...