94 МАКЕДОНСКИ
6.
Не обидувајте се да извршувате какво
било одржување или поправка што не се
опишани во упатството за употреба. За
такви работи, обратете се кај наш овластен
сервисен центар.
7.
Секогаш користете ги исклучиво нашите
оригинални резервни делови и прибор.
Употребата на резервни делови или прибор
од трета страна може да резултира со кршење
на алатот, оштетување на имотот и/или тешка
повреда.
8.
Обраќајте се кај наш овластен сервисен
центар за поправка и одржување на алатот
на редовни временски интервали.
9.
Секогаш држете го алатот во добра работна
состојба.
Лошото одржување може да
резултира со послаба изведба и да го скрати
работниот век на алатот.
10.
Рачките нека бидат суви, чисти, без масло и
маснотии. Држете ги сите отвори за воздух
без нечистотии.
11.
Не мијте го алатот со вода под висок
притисок.
12.
При миењето на алатот, не дозволувајте
водата да навлезе во електричниот
механизам, како што се батеријата, моторот
и спојките.
13.
При складирање на алатот, избегнувајте
директна сончева светлина и дожд и
складирајте го на ладно и суво место.
14.
Инспекцијата или одржувањето изведувајте
ги на места засолнати од дожд.
15.
По употребата на алатот, отстранете ја
залепената нечистотија и исушете го алатот
во целост пред да го складирате.
Зависно
од сезоната и областа, постои ризик од дефект
поради замрзнување.
Складирање
1.
Пред да го складирате алатот, извршете
целосно чистење и одржување. Извадете ја
касетата за батеријата. Поставете го капакот
на сечилото.
2.
Складирајте го алатот на суво и високо или
заклучено место надвор од дофат на деца.
3.
Не потпирајте го алатот на што било, како на
пример на ѕид.
Во спротивно, може ненадејно
да падне и да предизвика повреда.
Прва помош
1.
Секогаш имајте прибор за прва помош во
близина. Веднаш заменете го секој дел
изваден од приборот за прва помош.
2.
Кога барате помош, дајте ги следниве
информации:
— Место каде се случила незгодата
— Што се случило
— Број на повредени лица
— Природа на повредата
— Вашето име
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
1.
Пред користење на касетата за батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки
за претпазливост на (1) полначот за
батеријата, (2) батеријата и (3) производот
што ја користи батеријата.
2.
Не расклопувајте ја, ниту експериментирајте
со касетата за батеријата.
Тоа може да
резултира со оган, прекумерна топлина или
експлозија.
3.
Ако оперативното времето станало
прекумерно кратко, престанете веднаш со
работа. Тоа може да резултира со ризик од
прегревање, можни изгореници, па дури и
експлозија.
4.
Ако електролит навлезе во вашите очи,
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
5.
Не предизвикувајте спој на касетата за
батеријата.
(1)
Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
(2)
Избегнувајте да ја чувате касетата
за батерија во сад со други метални
предмети како што се шајки, монети и сл.
(3)
На изложувајте ја касетата за
батеријата на вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да
предизвика голем проток на електрична
енергија, прегревање, можни изгореници, па
дури и пад на напојувањето.
6.
Не складирајте и не користете ги алатот
и касетата за батеријата на места каде
што температурата може да достигне или
надминува 50 °C (122 °F).
7.
Не палете ја касетата за батеријата дури
и кога е многу оштетена или целосно
потрошена. Касетата за батеријата може да
експлодира ако се стави во оган.
8.
Не заковувајте ја, сечете ја, фрлајте ја,
испуштајте ја касетата за батерија, ниту
удирајте ја од тврд предмет касетата за
батеријата.
Таквото однесување може да
резултира со оган, прекумерна топлина или
експлозија.
9.
Не користете оштетена батерија.
10.
Содржаните батерии со литиумови јони
се подложни на условите во Правилата за
опасни предмети.
За комерцијален транспорт на пр. од трети
лица и посредници, мора да се следат
посебните услови на пакувањата или ознаките.
Summary of Contents for UR007GZ01
Page 2: ...Fig 1 12 2 Fig 2 12 1 2 3 4 5 8 9 10 11 Fig 3 2 ...
Page 3: ...6 14 12 6 7 7 8 8 9 9 10 10 11 12 14 UR007G UR006G 13 13 2 1 3 5 4 Fig 4 3 ...
Page 4: ...2 3 1 1 Fig 5 1 2 Fig 6 2 1 Fig 7 1 2 Fig 8 1 2 Fig 9 2 1 Fig 10 2 1 Fig 11 4 ...
Page 5: ...3 2 1 Fig 12 1 3 2 Fig 13 1 Fig 14 1 2 3 5 4 Fig 15 1 2 Fig 16 1 Fig 17 5 ...
Page 6: ...1 Fig 18 1 2 Fig 19 1 2 4 3 6 5 Fig 20 1 2 Fig 21 Fig 22 Fig 23 Fig 24 6 ...
Page 9: ...Fig 40 1 Fig 41 9 ...
Page 10: ...1 2 3 5 4 6 7 8 4 m 80 mm 100 mm Fig 42 10 ...
Page 11: ...11 Fig 43 1 2 Fig 44 ...
Page 170: ...170 ...
Page 171: ...171 ...