102
Македонски
Mak
Ставете го капакот на мечот пред да ја складирате машината
или за време на транспорт.
За транспорт во возила, осигурајте ја машината против
движење или паѓање за да спречите повреда на лица или
оштетување на машината.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ
на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и
типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја
скицата кај локалниот застапник или директно кај:
Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Germany.
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C
и на суво место.. Акумулаторот да се складира на приближно
30%-50% од состојбата на наполнетост.. Акумулаторот
повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за полнење на
батерија (ризик од краток спој).
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Во случај на преоптоварување на батериите поради енормно
висока потрошувачка на електрична енергија, на пр.
екстремно висок број на вртежни моменти, заглавување
на оперативната алатка, нeoчекувано сопирање или краток
спој, електричната алатка прекинува со работа и по 2 секунди
автоматски се исклучува.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви. Внимавајте да не дојде
до изместување на батериите во нивната амбалажа. Забранет
е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии. За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот
опишан во „Технички податоци“ е во сообразност со сите
релевантни прописи од директивите
2011/65/EU (RoHS)
2006/42/EC
2014/30/EU
и дека се применети следните хармонизирани стандарди .
EN 60745-1:2009+A11:2010
EN 60745-2-20:2009
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2020-11-26
Alexander Krug / Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany
Summary of Contents for 4933478440
Page 4: ...III I VI IV V II ...
Page 5: ...2 III II I 1 3 2 ...
Page 6: ...3 II ...
Page 10: ...7 2 1 1 1 sec 10 4x 25 50 75 100 2 sec Test II ...
Page 11: ...8 II Start Stop 1 1 2 III LED 10 sec ...
Page 12: ...9 1 2 1 2 III ...
Page 13: ...10 IV 1 2 3 4 4 3 1 2 ...
Page 14: ...11 IV 6 5 7 8 ...
Page 15: ...12 IV 10 9 10 11 12 ...
Page 16: ...13 IV 1 2 15 16 13 14 ...
Page 18: ...15 V ...
Page 19: ...16 V ...
Page 111: ...108 العربية Ara الرموز V ...