124
125
МАКЕДОНСКИ
МАКЕДОНСКИ
да отскокне од материјалот за обработка или да
предизвика повратен удар.
i)
Потпрете ги плочите или големите материјали за
обработка, за да го намалите ризикот од повратен
удар како резултат на заглавен диск за делење.
Големи материјали за обработка може да свијат како
последица на својата тежина. Материјалот за обработка
мора да биде потпран на двете страни и тоа како во
близина на засекот за делење така и на работ.
j)
Бидете особено внимателни при „сечење џебови“
кај ѕидови или во други непрегледни области.
Дискот
што навлегува може да предизвика повратен удар
при сечење во гасоводи или водоводи, понатаму во
електрични водови или други објекти.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува, мора
да биде нај-малку толку висок како и бројот на вртежите
на вашиот електро-алат.
Додатокот, којтшто се врти побрзу, може да се скриша и
да излета.
Употребувајте заштитна опрема. При работа со
машината постојано носете заштитни очила. Се
препорачува заштитна облека како: маска за заштита од
прашина, заштитни ракавици, цврсти чевли што не се
лизгаат, кацига и заштита за уши.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да ја намалите опасноста од
повредување при работа со значителна прашина,
mрепорачуваме употреба на решение за вшмукување на
прав од Milwaukee според упатството за работа.
Пршината која се создава при користење на овој алат
може да биде штетна по здравјето. Не ја вдишувајте.
Носете соодветна заштитна маска.
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што
можат да го загрозат здравјето (на пр. азбест).
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме
веднаш да се исклучи апаратот! Не го вклучувајте
апаратот повторно додека употребуваното орудие е
блокирано; притоа би можело да дојде до повратен удар
со висок момент на реакција. Испитајте и отстранете ја
причината за блокирањето на употребеното орудие
имајќи ги во предвид напомените за безбедност.
Mожни причини би можеле да се:
•
Закантување во парчето кое што се обработува
•
Кршење поради продирање на материјалот кој што се
обработува
•
Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
Употребеното орудие за време на примената може да
стане многу жешко.
•
при менување на орудието
•
при ставање на апаратот на страна
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги
избегнете електричните, гасните и водоводни
инсталации.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги
собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем M12 за полнење на
батерии од M12 систем. Не користете батерии од друг
систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и
чувајте ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече
при екстремен напон или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и
вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување!
За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот,
коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во
течност алатката, заменливата батерија или полначот и
пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат
течности. Корозивни или електроспроводливи течности,
како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Овој пресек е наменет да се користи за намалување на
различни материјали.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
За да ја намалите опасноста од повредување, користете
само дијамантски брусни тркала од тип 1 со максимална
дебелина од 3,2 мм, кои можат безбедно да се користат
со минимална брзина од 20.000 вртежи во минута-1.
Брусни тркала од тип 1 се погодни само за странично
брусење, а не за површинско брусење. Сочувајте ги сите
безбедносни упатства испорачани со тркала за
пресекување.
Користете ја табелата подолу за да го изберете
правилното брусно тркало. Во зависност од материјалот,
мора да се користат различни брусни тркала.
Почитувајте ги упатствата за работа на производителот
на брусното тркало.
Тип на тркалото
За брусење на
Карбидни брусни тркала гипс картон, влакнест
цемент, пластика
Тркала за пресекување
челик, нерѓосувачки
челик, материјали кои
не содржат железо
Дијамантски брусни
тркала
плочки, бетон, цигли,
керамика
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под
„Технички податоци“ опишаниот производ е во склад со
сите релевантни прописи од регулативата 2011/65/EU
(RoHS), 2014/30/EU, 2006/42/EC и следните
хармонизирачки нормативни документи:
EN 60745-1:2009+A11:2010
EN 60745-2-22:2011+A11:2013
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2020-10-29
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
БАТЕРИИ
Подолг период неупотребувани комплети батерии да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век, по употреба батериите мора
да бидат целосно наполнети.
За можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот
за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30
дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6
месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батериското пакување е опремено со заштита од
преоптоварување што ја штити батеријата од
преоптоварување и обезбедува долг работен век.
При екстремно висок степен на употреба, електрониката
на батеријата автоматски ја исклучува машината. За да
продолжите со работа исклучете ја машината и вклучете
ја повторно. Доколку машината не се вклучи повторно,
можно е батериското пакување да е испразнето. Тогаш
тоа ќе мора да биде наполнето во апаратот за полнење.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските
одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
•
Потрошувачите на овие батерии може да вршат
непречен патен транспорт на истите.
•
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии
од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии.
Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
•
Осигурајте се дека контактите се заштитени и
изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки
споеви.
•
Внимавајте да не дојде до изместување на батериите
во нивната амбалажа.
•
Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Уверете се дека алатката е исклучена од напојување
пред да го прикачите или отстраните сечилото.
Апаратот и заштитната направа очистете ја со сува крпа.
Некои средства за чистење ја оштетуваат пластиката
или други изолирани делови. Одржувајте го апаратот
чист и сув како и неизвалкан од истечено масло и масти.
Проверете ја функцијата на заштитните хауби. Редовно
одржување и чистење обезбедува долг век и безбедно
ракување.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Носете ракавици!
Носте штитник за уши.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна
маска.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Електричните апарати и батериите што се полнат
не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата
за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или кај
специјализираниот трговски претставник, каде има
такви погони за рециклажа и собирни станици.
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
Summary of Contents for HEAVY DUTY M12 FCOT
Page 3: ...4 5 7 12 14 16 8 17 10 6 13 19 20 18 START STOP 11...
Page 5: ...8 9 1 4 2 3 10 mm...
Page 6: ...10 11 START STOP...
Page 7: ...12 13 1 2 click click click click click click click click...
Page 8: ...14 15 1 4 2 5 3 6 click...
Page 11: ...20 21...
Page 66: ...130 131...