139
Македонски
Внимание
•
Немојте да ги миете или да ги
стерилизирате моторот на пумпата,
силиконската цевка, капачето и
адаптерот за напојување. Овие
компоненти не доаѓаат во контакт
со мајчиното млеко. Овие делови
можете да ги зачистите со мека
ткаенина.
Можете да ја искористите и машината
за миење садови (само горната полица)
или рачно да ги измиете со млака вода и
сапун, а потоа темелно да ги исплакнете.
Ви препорачуваме да ги стерилизирате
сите делови кои се во контакт со
мајчиното млеко во нашиот Philips Avent
стерилизатор на пареа, или да ги зовриете
во траење од 5 минути.
Внимание
•
Внимавајте кога го чистите вентилот
и силиконската дијафрагма. Доколку
се оштетат, пумпата за гради нема да
функционира исправно.
•
За да го исчистите вентилот, нежно
протријте го низ прстите во млака
вода со сапун. Немојте да вметнувате
предмети бидејќи тоа може да
предизвика оштетување.
4
Составување на
електричната пумпа
за гради
За да ја составите пумпата, следете ги
следните чекори.
Забелешка
•
Чистете ја и стерилизирајте ја
пумпата како што е наведено во ова
упатство за користење.
•
Составете ја пумпата правилно како
што е наведено во ова упатство за
користење.
•
За да спречите протекување,
отстранете го остатокот околу
кружниот отвор пред составувањето.
Ставете го шишето на телото на
пумпата и немојте премногу да го
затегнувате премногу цврсто.
•
Пред да ги допрете стерилизираните
компоненти, темелно измијте си ги
рацете.
1
Вметнете го вентилот во телото на
пумпата одоздола. (Сл. 3)
2
Ставете го шишето на телото на
пумпата и завртете го обратно од
стрелките на часовникот за да ог
прицврстите. Немојте премногу
цврсто да го затегнувате шишето со
телото на пумпата. (Сл. 4)
3 Вметнете го перничето за масажа
за добивање млеко во инката на
пумпата и притиснете го обрачот
за да се осигурате дека е совршено
затворено. (Сл. 5)
4
Ставете ја силиконската дијафрагма
на телото на пумпата и притиснете
го обрачот за да се осигурате дека е
совршено затворено. (Сл. 6 и 7)
Совет
•
Можеби ќе ви биде полесно да ја
составите пумпата додека е влажна.