176
МАКЕДОНСКИ
Внимание
- Овој апарат е наменет за користење во
домаќинствата и слични места како што се фармите,
угостителските објекти кои нудат ноќевање и појадок,
кујните за персоналот во продавници, канцелариите
и други работни опкружувања и од гостите во хотели,
мотели и други видови сместување.
- Храната не смее предолго да се загрева.
- Секогаш проверувајте ја температурата на храната
пред да го храните детето. Нежно промешајте го
млекото во шишето и проверете ја температурата
така што ќе прснете неколку капки млеко на
внатрешната страна од рачниот зглоб. (Следете ги
упатствата во делот „Нахранете го бебето со млеко“.)
- Исклучете го апаратот од штекер кога не го користите.
- Површината на грејниот елемент задржува топлина
по користењето.
- Оставете го апаратот да се олади пред да го чистите.
- Следете ги упатствата за отстранување бигор за да
избегнете непоправлива штета.
- Не се обидувајте сами да го отворате или поправате
апаратот. Обратете се на центарот за корисничка
поддршка на Philips во вашата земја (погледнете ја
веб-страницата
www.philips.com/support
).
Шифрата за датумот на производство YYWW можете да ја најдете во
преградата за чување на кабелот во подножјето на грејачот за шишиња.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој уред од Philips е во согласност со сите важечки стандардни и одредби во
однос на изложеноста на електромагнетни полиња.
Вовед
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips Avent! За да целосно
ја искористите поддршката која ја нуди Philips Avent, регистрирајте го вашиот
производ на
www.philips.com/welcome
.
Овој грејач за шишиња ви овозможува безбедно да загревате и одмрзнувате
млеко во шишиња Philips Avent и во други најчести брендови на шишиња за
хранење и бебешка храна во садови.