7
Specifikācija
Modelis
Nominālā jauda
Nominālais
tilpums
Diametrs
HD2151
910–1090 W
5,0 l
22 cm
Piezīme
•
Atvienojiet universālo katlu, ja tas ilgi netiek izmantots.
8
Problēmu novēršana
Ja ierīces lietošanas laikā rodas problēmas, pārbaudiet tālāk norādītos
punktus, pirms pieprasāt remontu. Ja nevarat novērst problēmu, sazinieties
ar Philips klientu apkalpošanas centru savā valstī.
Problēma
Risinājums
Augšējā vāka
aizvēršana sagādā
problēmas.
•
Iekšējais vāks nav pareizi uzstādīts.
Pārbaudiet, vai iekšējais vāks un
blīvgredzens ir uzstādīti pareizi.
•
Svira ir pozīcijā . Pagrieziet to pretēji
pulksteņrādītāju kustības virzienam pozīcijā
.
Augšējā vāka atvēršana
pēc spiediena
izlīdzināšanas sagādā
problēmas.
•
Pārliecinieties, vai svira ir pozīcijā .
•
Pludiņvārsta apakšā, iespējams, ir ēdiena
atliekas. Nemēģiniet to atvērt ar spēku,
citādi var rasties apdegumi. Uzgaidiet, līdz
ierīce atdziest (aptuveni 30 minūtes), pēc
tam atkārtoti pagrieziet sviru uz priekšu un
atpakaļ.
Ēdiens nav pagatavots
līdz galam.
•
Tika atlasīta nepareiza funkcija vai laiks;
palieliniet gatavošanas laiku vai nomainiet
gatavošanas metodi.
•
Pirms ieslēdzat universālo katlu pārbaudiet,
vai uz sildelementa un iekšējā katla ārpuses
nav nekādu atlieku.
•
Bojāts sildelements vai deformēts iekšējais
katls. Nogādājiet ierīci pie sava Philips
izplatītāja vai Philips pilnvarotā servisa
centrā.
No vāka vai tvaika
atveres noplūst gaiss
vai tvaiks.
•
Vāciņa uzgrieznis ap temperatūras
regulatoru ir vaļīgs. Cieši uzskrūvējiet vāciņa
uzgriezni ar atbilstošiem instrumentiem.
•
Blīvgredzens nav uzstādīts pareizi.
Pārbaudiet, vai tas ir uzstādīts pareizi ap
noņemamo iekšējo vāku.
•
Blīvgredzenā ir ēdiena atliekas.
Pārliecinieties, ka blīvgredzens ir tīrs.
•
Uz pludiņvārsta ir ēdiena atliekas. Notīriet
pludiņvārstu.
•
Spiediena regulatorā ir ēdiena atliekas.
Notīriet spiediena regulatoru.
•
Spiediena regulators nav uzstādīts pareizi.
Pārliecinieties, vai tas ir uzstādīts pareizi.
•
Vāks nav pilnībā aizvērts un bloķēts.
Pārbaudiet, vai vāks ir pilnībā piestiprināts
un bloķēts pareizā pozīcijā.
Ekrānā ir redzams
kļūdas kods E1, E2, E3,
E8, E10, E11 vai E16.
•
Universālajam katlam ir radušies darbības
traucējumi. Nogādājiet ierīci pie sava Philips
izplatītāja vai Philips pilnvarotā servisa
centrā.
Iepriekš norādītās
problēmas joprojām
pastāv.
•
Universālajam katlam ir radušies darbības
traucējumi. Šādā gadījumā, lūdzu,
rīkojieties, kā norādīts tālāk.
1) Pašrocīga apkope. Sazinieties ar klientu
servisu, un mēs, iespējams, spēsim sniegt
norādījumus un palīdzēt novērst problēmu
ar video palīdzību.
2) Servisa centrs. Nogādājiet savu produktu
uz Philips servisa centru.
3) Apkope uz vietas. Sazinieties ar mums,
un mēs palīdzēsim noorganizēt Philips
pilnvarotu remontu jūsu produktam bez
papildu izmaksām.
Македонски
1
Важно
Пред да го користите апаратот, внимателно прочитајте го овој леток за
безбедност и зачувајте го за идни потреби.
Опасност
•
Апаратот не смее да се потопува.
Предупредување
•
Пред да го приклучите апаратот, проверете дали напонот наведен
на апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа.
•
Апаратот е наменет за употреба во домаќинствата или за слични
намени, како што се:
•
простории за исхрана на вработените во продавници,
канцеларии и други слични опкружувања;
•
во викендички;
•
од клиентите во хотели, мотели и други сместувачки капацитети;
•
во угостителски објекти.
•
Овој апарат може да го користат лица со ограничени физички,
сензорни или ментални способности или лица со недостаток на
искуство и знаење, под услов да се под надзор или да добиле
упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат
можните опасности.
•
Децата не смеат да си играат со апаратот.
•
Децата не смеат да го чистат апаратот ниту да го одржуваат.
•
Овој апарат не смеат да го користат деца.
•
Апаратот и кабелот чувајте ги подалеку од дофат на деца.
•
Во случај на оштетување, кабелот за напојување треба да се замени
со соодветен кабел од производителот.
•
Апаратот не е наменет за употреба со надворешен тајмер или со
засебен систем за далечинско управување.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: секогаш следете ги упатствата и правилно
користете го уредот за да избегнете потенцијални повреди.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: погрижете се да не истурате течности врз
приклучокот за напојување за да избегнете потенцијална опасност.
•
Внимание: површината на грејниот елемент задржува топлина по
користењето.
•
Користете чиста и мека крпа за да ги чистите површините што
доаѓаат во допир со храна.
•
Апаратот приклучувајте го само во заземјен штекер. Секогаш
проверувајте дали приклучокот за напојување е цврсто вметнат во
штекерот.
•
Не користете го апаратот ако е оштетен приклучокот, кабелот за
напојување, внатрешниот сад, заптивниот прстен или куќиштето.
•
Кабелот за напојување не смее да виси преку работ на масата или
работната површина на која стои апаратот.
•
Пред да го вклучите приклучокот за напојување во штекерот,
проверете дали грејниот елемент и надворешноста на внатрешниот
сад се чисти и суви.
•
Немојте да го приклучувате апаратот ниту да ја допирате
контролната табла со мокри раце.
•
Каналите во регулаторот на притисок што овозможуваат
излегување на пареата треба редовно да се проверуваат за да се
спречи нивно блокирање.
•
Проверете дали приклучницата е чиста и сува пред да го вклучите
апаратот.
•
Садот не смее да се отвора додека притисокот значително не се
намали.
•
Не користете го апаратот ако од под горниот капак излегува
премногу воздух или пареа.
•
Кога готвите супа или вискозни течности, не ослободувајте го
притисокот со вртење на регулаторот за притисок до положбата
за ослободување на пареата, во спротивно од вентилот на
регулаторот за притисок може да прсне течност. Почекајте да се
отпушти притисокот по природен пат и да се спушти вентилот на
пловката за да го отворите горниот капак.
Внимание
•
Никогаш не користете додатоци или делови од други
производители што не се препорачани од Philips. Доколку
користите вакви додатоци или делови, вашата гаранција ќе
престане да важи.
•
Не изложувајте го апаратот на високи температури и на ставајте го
на рингла или шпорет што работат или сè уште се жешки.
•
Не изложувајте го апаратот на директна сончева светлина.
•
Ставете го апаратот на стабилна, хоризонтална и рамна површина.
•
Не користете ја рачката на горниот капак за да го поместувате
апаратот, за таа цел користете ги страничните рачки.
•
Кога го отпуштате притисокот преку вентилот на регулаторот за
притисок, ќе се исфрли жешка пареа или течност. Тргнете ги рацете
и лицето од вентилот за пареа.
•
Секогаш ставајте го внатрешниот сад во апаратот пред да го
приклучите во напојување и да го вклучите.
•
Не ставајте го внатрешниот сад директно врз запален оган за да
готвите храна.
•
Не употребувајте го внатрешниот сад доколку е изобличен.
•
Проверете дали заптивниот прстен е чист и во добра состојба.
•
Пристапните површини може да станат жешки при работењето
на апаратот. Бидете особено внимателни кога ги допирате
површините.
•
Внимавајте на врелата пареа што излегува од вентилот на пловката
и од вентилот на регулаторот за притисок при готвењето или кога
ќе го подигнете капакот. Држете ги рацете и лицето подалеку од
уредот за да ја избегнете пареата.
•
Немојте да го кревате или преместувате апаратот додека работи.
•
Не надминувајте го максималното ниво на вода означено на
внатрешниот сад за да спречите прелевање.
•
Не ставајте го приборот за готвење во садот додека готвите.
•
Користете го само испорачаниот прибор за готвење. Не користете
остар прибор.
•
За да избегнете гребнатини, не се препорачува да готвите состојки
со школки или раковидни морски животни. Отстранете ги тврдите
обвивки пред готвењето.
•
Не поставувајте магнетни супстанции на капакот. Не користете го
апаратот во близина на магнетни супстанции.
•
Секогаш оставајте го апаратот да се олади до собна температура
пред да го чистите или да го преместите.
•
Секогаш чистете го апаратот по користењето. Немојте да го перете
апаратот во машина за садови.
•
Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер ако не го користите
подолг временски период.
•
Ако апаратот се користи неправилно, ако се користи за
професионални или полупрофесионални цели или ако не се
користи во согласност со упатствата во овој леток за безбедност,
гаранцијата се поништува и Philips нема прифаќа одговорност за
настанатата штета.
•
Прочитајте ги сите упатства.
•
Не им дозволувајте на децата да се доближуваат до апаратот за
готвење под притисок додека работи.
•
Немојте да го ставате апаратот за готвење под притисок во загреана
рерна.
•
Бидете особено внимателни кога го преместувате апаратот за
готвење под притисок. Не допирајте ги жешките површини.
Користете ги рачките и дршките. Доколку е потребно, користете
заштита.
•
Апаратот за готвење под притисок користете го само за намената за
која е предвиден.
•
Овој апарат готви под притисок. Несоодветното користење на
апаратот за готвење под притисок може да предизвика изгореници.
Проверете дали апаратот за готвење е правилно затворен пред да
го вклучите.
•
Никогаш немојте да го отворате апаратот за готвење под притисок
со примена на сила. Немојте да го отворате пред да бидете сигурни
дека внатрешниот притисок целосно се намалил.
•
Никогаш немојте да го користите апаратот за готвење под притисок
без да го наполните вода, тоа може да предизвика сериозно
оштетување.
•
Не полнете го апаратот за готвење повеќе од 2/3 од неговиот
капацитет. Кога готвите храна што се шири при готвењето, како
ориз или сушен зеленчук, немојте да го полните апаратот за
готвење повеќе од половина од неговиот капацитет.
•
Користете ги соодветните извори на топлина во согласност со
упатствата за користење.
•
Кога готвите месо со кожа (на пример говедски јазик) што може да
набабри под притисок, немојте да го боцкате месото додека кожата
е набабрена; може да се попарите.
•
Кога готвите тестеста храна, нежно протресете го апаратот за
готвење пред да го отворите капакот за да избегнете исфрлување
на храната.
•
Пред секоја употреба, уверете се дека вентилите не се блокирани.
Погледнете го упатството за користење.
•
Никогаш немојте да го користите апаратот за готвење под притисок
во режимот под притисок за длабоко и плитко пржење храна.
•
Немојте неовластено да ракувате со некој од безбедносните
системи и придржувајте се само до инструкциите наведени во
упатството за користење.
•
Користете само резервни делови од производителот во зависност
од соодветниот модел. Поточно, користете куќиште и капак од
истиот производител што се наведени како компатибилни.
•
Поправките треба да ги вршат само овластени лица.
•
Апаратот за готвење под притисок треба да се чува на суво место.
•
Одете на
www.philips.com/support
за да го преземете упатството
за користење.
Функција за резервна меморија во случај на прекин на
струја
Овој апарат има функција за резервна меморија што го памти статусот
пред прекинот на струјата.
•
Ако во текот на готвењето дојде до прекин на струјата и ако струјата
се врати во рок од 30 минути, одбројувањето на времето на готвење
продолжува од каде што застанало.
•
Ако прекинот на струја се случи кога апаратот е во однапред поставен
режим и ако струјата се врати во рок од 30 минути, одбројувањето на
однапред поставеното време продолжува од каде што застанало.
•
Ако струјата не се врати во рок од 30 минути, апаратот можеби нема
да продолжи со претходниот работен процес, туку ќе остане во режим
на подготвеност.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој уред од Philips е усогласен со сите важечки стандарди и прописи
што се однесуваат на изложеноста на електромагнетни полиња.
2
Вашиот сè-во-едно апарат за готвење
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips!
За да ја искористите целосната поддршка што ја нуди Philips,
регистрирајте го вашиот производ на
www.philips.com/welcome
.
Што има во кутијата (сл. 1)
Главна единица
Внатрешен сад
Црпалка за ориз и супа
Шолја за мерење
Кабел за напојување
Отстранлив внатрешен
капак
Парна плоча
Упатство за користење
Книга со рецепти
Картичка за гаранција
Преглед на производот (сл. 2)
a
Горен капак
j
Контролна табла
b
Заптивен прстен
k
Регулатор за температура
c
Отстранлив внатрешен
капак
l
Резервоар за пареа
d
Слепи навртки
m
Приклучница
e
Безбедносен вентил
n
Копче за отворање на капакот
f
Навртка за прицврстување
o
Рачка за заклучување/
отклучување на капакот
g
Вентил на пловката
p
Отвор за пареа
h
Внатрешен капак
q
Регулатор за притисок
i
Ознака за ниво на вода
Преглед на контролната табла (сл. 3)
r
Индикатор за заклучен
капак
y
Индикатор за избор на
притисок
s
Копче за додавање состојки
z
Индикатор за одложено
стартување
t
Копче за згуснување на сос
{
Копче за избор на мени
u
Копче за Мои омилени
|
Копче за избор на мени
v
Копче за избор на големина
на коцките месо
}
Копче за потврда/
заклучување за деца
w
Индикатор за заклучување
за деца
~
Копче за откажување
x
Индикатор за избор на
тајмер
Индикатор за отклучен капак
3
Користење на вашиот сè-во-едно апарат за готвење
Програма за готвење
Функција за готвење
Потфункција за
готвење
Зададено време на
готвење
Прилагодливо време
на готвење
Зададен притисок
(kPa)
Прилагодлив опсег
за регулирање на
притисокот (kPa)
Готвење под притисок
Говедско (
)
30 минути
3-59 минути
70
20-70
Живина (
)
15 минути
2-59 минути
60
20-70
Свинско (
)
15 минути
0-59 минути
70
20-70
Јагнешко (
)
20 минути
3-59 минути
70
20-70
Морска храна (
)
3 минути
1-59 минути
40
20-70
Рачно (
)
5 минути
2-59 минути
20
20-70
Бавно готвење на ниска
температура
Говедско (
)
12 часа
2-12 часа
Не е достапно
Не е достапно
Живина (
)
10 часа
2-12 часа
Не е достапно
Не е достапно
Свинско (
)
10 часа
2-12 часа
Не е достапно
Не е достапно
Јагнешко (
)
10 часа
2-12 часа
Не е достапно
Не е достапно
Морска храна (
)
8 часа
2-12 часа
Не е достапно
Не е достапно
Рачно (
)
2 часа
2-12 часа
Не е достапно
Не е достапно
Бавно готвење на висока
температура
Говедско (
)
6 часа
2-12 часа
Не е достапно
Не е достапно
Живина (
)
4 часа
2-12 часа
Не е достапно
Не е достапно
Свинско (
)
4 часа
2-12 часа
Не е достапно
Не е достапно
Јагнешко (
)
4 часа
2-12 часа
Не е достапно
Не е достапно
Морска храна (
)
2 часа
2-12 часа
Не е достапно
Не е достапно
Рачно (
)
2 часа
2-12 часа
Не е достапно
Не е достапно
Готвење на пареа
Говедско (
)
30 минути
3-30 минути
10
Не е достапно
Живина (
)
20 минути
3-30 минути
10
Не е достапно
Свинско (
)
30 минути
3-30 минути
10
Не е достапно
Јагнешко (
)
30 минути
3-30 минути
10
Не е достапно
Морска храна (
)
8 минути
3-30 минути
10
Не е достапно
Рачно (
)
10 минути
3-30 минути
10
Не е достапно
Специјален рецепт
Ориз
14 минути
Не е достапно
30
Не е достапно
Супа
20 минути
20-59 минути
50
20-50
Грав
20 минути
20-59 минути
70
20-70
Сарма
18 минути
10-20 минути
40
Не е достапно
Јогурт
8 часа
6-12 часа
Не е достапно
Не е достапно
Џем
55 минути
25-59 минути
Не е достапно
Не е достапно
Динстување
10 минути
10-59 минути
Не е достапно
Не е достапно
Подгревање/Печење
15 минути
15-59 минути
Не е достапно
Не е достапно
Одржување топлина
12 часа
Не е достапно
Не е достапно
Не е достапно
Згуснување на сос
8 минути
5-15 минути
Не е достапно
Не е достапно
Забелешки
•
Оставете го капакот отворен кога ги користите следните функции: Динстување и Згуснување на сос . Во спротивно, сè-во-едно апаратот за
готвење ќе даде звучен сигнал за да ве потсети да го отворите капакот.
•
Затворете и заклучете го капакот кога ги користите следните функции: Готвење под притисок
, Готвење на пареа , Ориз , Супа и Грав .
Ако го отклучите капакот, сè-во-едно апаратот за готвење ќе го запре процесот на готвење, индикаторот ќе засвети и ќе дава звучни сигнали.
•
Готвењето може да го започнете со отворен или со затворен капак. Ова се однесува на функциите Бавно готвење на ниска температура , Бавно
готвење на висока температура , Јогурт и Одржување топлина .
•
Готвењето може да го започнете со отворен капак или со затворен и заклучен капак. Ова се однесува на потфункциите Сарма , Џем и
Подгревање/Печење .
•
Кога ја користите потфункцијата Рачно ( ) во функциите Бавно готвење на ниска температура , Бавно готвење на висока температура или
Готвење на пареа , треба рачно да ги ресетирате времето на готвење, притисокот на готвење и однапред поставеното време пред да го започнете
процесот на готвење.
•
За време на готвењето, од отворот за пареа повремено ќе излегува пареа. На тој начин се овозможува оптимален проток на воздух и најдобро готвење.
•
Кога ќе почне да се зголемува притисокот, сè-во-едно апаратот за готвење автоматски ќе испушти ладен воздух од внатрешниот сад преку отворот за
пареа. На тој начин сензорот може прецизно да ја открие и контролира температурата и притисокот во внатрешниот дел.
•
Притисокот на готвење може да се прилагоди за да ја добиете саканата текстура. Можете да го зголемите притисокот на готвењето за да добиете
уште помек резултат или да го намалите притисокот на готвењето ако сметате дека текстурата е премногу мека.
Подготовки пред готвењето
Предупредување
•
Проверете дали отстранливиот внатрешен капак е правилно
поставен.
Забелешка
•
Немојте да го полните внатрешниот сад со храна и течност под
минималните ознаки за нивото на вода или над максималните
ознаки за нивото на вода.
•
За храната што се шири (како гравот или сушената храна) при
готвењето, не полнете го внатрешниот сад повеќе од 1/2 со храна и
течност.
•
За готвење ориз, следете ги ознаките за ниво на вода од
внатрешноста на внатрешниот капак. Може да го приспособувате
нивото на водата за различни видови ориз и според вашиот
вкус. Не надминувајте ги максималните количини назначени на
внатрешноста на внатрешниот капак.
•
Откако ќе започне готвењето, може да притиснете на за да ја
прекинете тековната програма, по што апаратот преминува во
режим за избор на мени.
•
Откако ќе започне процесот на готвење и притисокот веќе
постои во внатрешниот сад, мора да притиснете и задржите на
во траење од 3 секунди за да го откажете тековното готвење
(единечното кликнување на копчето не функционира).
•
Ако на екранот засвети САМО копчето , тоа значи дека сè-во-
едно апаратот за готвење е во режим на подготвеност.
Направете ги следните подготовки пред да започнете да готвите со сè-
во-едно апаратот за готвење:
1
Завртете ја рачката за заклучување/отклучување на капакот во
спротивна насока од стрелките на часовникот во положбата (сл. 4).
2
Притиснете го копчето за отворање на капакот за да го отворите
горниот капак.
3
Извадете го внатрешниот сад од сè-во-едно апаратот за готвење.
4
Ставете ја претходно измиената храна во внатрешниот сад,
избришете ги надворешната и долната страна на внатрешниот сад
со мека крпа, а потоа вратете го во сè-во-едно апаратот за готвење
(сл. 5).
5
Завртете ја рачката во насока на стрелките на часовникот за да го
заклучите горниот капак.
6
Вметнете го приклучокот во приклучницата (сл. 6).
Забелешка
•
Погрижете се внатрешноста на внатрешниот сад да биде сува и
чиста и да нема никакви остатоци врз грејниот елемент.
•
Проверете дали контактот на внатрешниот сад и грејниот елемент
е правилен.
Готвење под притисок
Достапни се 6 подменија. Времето на готвење под притисок и опсегот
за регулирање на притисокот побарајте ги во поглавјето „Преглед на
функциите“.
1
Следете ги чекорите во „Подготовки пред готвењето“.
2
Допрете на или за да изберете готвење под притисок ( ),
па допрете на за да потврдите (сл. 7).
3
Допрете на или за да изберете едно од подменијата.
»
Избраната функција за готвење засветува и на екранот се
прикажуваат зададеното време за одржување на притисокот и
притисокот.
4
Допрете на за да ја изберете големината на коцките месо (сл. 8).
5
Допрете на за да потврдите, па сè-во-едно апаратот за готвење
ќе започне да работи во избраниот режим.
6
Кога сè-во-едно апаратот за готвење ќе го достигне притисокот
на готвење, времето за одржување на притисокот започнува да
одбројува.
7
Кога ќе измине времето за одржување на притисокот, сè-во-едно
апаратот за готвење влегува во фаза на отпуштање на притисокот,
индикаторот засветува и сè-во-едно апаратот за готвење
започнува да го отпушта притисок во интервали. Немојте да го
допирате отворот за пареа.
8
Кога притисокот целосно ќе се отпушти, сè-во-едно апаратот за
готвење автоматски се префрла во режимот за одржување топлина.
Можете да го отклучите и отворите горниот капак.
»
Индикаторот за одржување топлина ( ) засветува.
Забелешка
•
Почекајте да се олади сè-во-едно апаратот за готвење за да го
отворите капакот.
•
Откако ќе заврши процесот на готвење, исклучете го сè-во-едно
апаратот за готвење од штекер.
Бавно готвење
Можете да изберете Бавно готвење на ниска температура ( ) или
Бавно готвење на висока температура ( ), секоја функција има 6
подменија. Времето на готвење и опсегот за регулирање на времето
побарајте ги во поглавјето „Преглед на функциите“.
Забелешка
•
Ова е мени за готвење без притисок.
1
Следете ги чекорите во „Подготовки пред готвењето“.
2
Допрете на или за да изберете бавно готвење ( или ), па
допрете на за да потврдите (сл. 9).
3
Допрете на или за да изберете едно од подменијата.
»
Избраната функција за готвење засветува и на екранот се
прикажува зададеното време на готвење.
4
Допрете на за да потврдите, па сè-во-едно апаратот за готвење
ќе започне да работи во избраниот режим.
5
Кога ќе заврши процесот на готвење, сè-во-едно апаратот за
готвење автоматски се префрла во режимот за одржување топлина.
Можете да го отклучите и отворите горниот капак.
»
Индикаторот за одржување топлина ( ) засветува.
Готвење на пареа
Времето на готвење и опсегот за регулирање на секое подмени
побарајте ги во поглавјето „Преглед на функциите“.
Забелешка
•
Зададениот притисок на готвење е 10 kPa и не може да се
прилагодува.
1
Следете ги чекорите во „Подготовки пред готвењето“.
2
Допрете на или за да изберете готвење на пареа ( ), па
допрете на за да потврдите (сл. 10).
3
Допрете на или за да изберете едно од подменијата.
»
Избраната функција за готвење засветува и на екранот се
прикажуваат зададеното време на готвење и зададениот
притисокот.
4
Допрете на за да потврдите, па сè-во-едно апаратот за готвење
ќе започне да работи во избраниот режим.
5
Кога сè-во-едно апаратот за готвење ќе го достигне притисокот
на готвење, времето за одржување на притисокот започнува да
одбројува. Сè-во-едно апаратот за готвење се загрева додека
испушта пареа. За време на готвењето, немојте да го допирате
отворот за пареа за да не се изгорите.
6
Кога ќе измине времето за одржување на притисокот, сè-во-едно
апаратот за готвење влегува во фаза на отпуштање на притисокот,
индикаторот засветува и сè-во-едно апаратот за готвење
започнува да го отпушта притисок во интервали. Немојте да го
допирате отворот за пареа.
7
Кога притисокот целосно ќе се отпушти, сè-во-едно апаратот за
готвење автоматски се префрла во режимот за одржување топлина.
Можете да го отклучите и отворите горниот капак.
»
Индикаторот за одржување топлина ( ) засветува.
Специјални рецепти
Има 6 менија во оваа функција за готвење: Ориз ( ), Супа ( ),
Грав ( ), Сарма ( ), Јогурт ( ) и Џем ( ).
Времето на готвење и опсегот за регулирање побарајте ги во поглавјето
„Преглед на функциите“.