13
МК
•
Секогаш исклучувајте го апаратот така
што ќе го завртите копчето во положба
0.
•
По исклучувањето секогаш чекајте
движечките делови да застанат, а потоа
исклучете го апаратот од штекер пред
да го подигнете кракот на подножјето
или да ги отворите, расклопите или
извадите деловите на кој било додаток
од подножјето.
•
Придржувајте се до количините,
времето за обработка и брзината
наведени во упатството за користење
при употреба на алатките на кујнската
машина. Следете ги рецептите
прикажани во апликацијата NutriU.
•
Пред првото користење на апаратот
темелно исчистете ги деловите
што доаѓаат во допир со храната.
Погледнете ги инструкциите и табелата
за чистење во упатството за користење.
•
Никогаш не користете додатоци или
делови од други производители што
не се препорачани од Philips. Доколку
користите вакви додатоци или делови,
вашата гаранција ќе престане да важи.
•
Почекајте да се оладат врелите состојки
(< 80°C) пред обработката.
•
Секогаш оставајте го апаратот да се
олади до собна температура по секоја
количина состојки што ќе ја обработите.
Ниво на бучава: Lc = 85 dB [A]
Електромагнетни полиња
(EMF)
Овој апарат од Philips е усогласен со сите
стандарди во врска со електромагнетните
полиња (EMF). Ако со апаратот ракувате
на соодветен начин и во согласност со
упатствата од овој прирачник, тој ќе биде
безбеден за користење врз основа на
научните докази достапни во моментов.
Рециклирање
Овој симбол означува дека
производот не смее да се фрла со
обичниот отпад од домаќинствата
(2012/19/EU).
Придржувајте се до законите во вашата
земја за одделно собирање на електричните
и електронските производи. Правилното
фрлање помага во спречувањето на
негативните последици по животната
средина и човековото здравје.
2 Преглед (Cл. 1)
Кујнска машина
a
Преден капак (за додатокот за мелење
месо)
b
Приклучок за прибор
c
Заштита до прскање
d
Сад
e
Копче за избирање брзина (вртливо
копче)
f
Копче за прилагодување на тајмерот
g
Копче за отпуштање на кракот
h
Заден капак (за блендерот)
•
Проверете дали задниот капак е добро
затворен пред да го користите апаратот.
i
Спирален додаток за тесто
j
Маталка
k
Додаток за матење
l
Блендер (изборно)
m
Додаток за мелење месо (изборно)
n
Мелница (изборно)