120
МАКЕДОНСКИ
12
Можете веднаш да продолжите да го користите апаратот. Во спротивно, исклучете го
апаратот од струја кога ќе заврши отстранувањето бигор.
Складирање
1
Исклучете го апаратот и извлечете го приклучокот од штекер.
2
Извадете го резервоарот за вода и испразнете го.
3
Ставете ја пеглата на подножјето. Турнете ја бравата за носење за да ја фиксирате пеглата
на подножјето.
4
Свиткајте го цревото за довод на пареа и кабелот за напојување. Ставете ги во соодветните
прегради за чување. (сл. 23)
5
Апаратот можете да го носите со една рака за рачката на пеглата.
Немојте да го носите апаратот држејќи го за рачката за отпуштање на резервоарот за вода.
Решавање проблеми
Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите при користење на
апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со помош на информациите наведени подолу,
посетете ја веб-страницата
www.philips.com/support
за да пронајдете листа на најчести прашања
или обратете се на центарот за корисничка поддршка во вашата земја.
Проблем
Можна причина
Решение
Навлаката на
штицата за пеглање
станува влажна или
на облеката се
појавуваат капки
вода во текот на
пеглањето.
Пареа се кондензирала на
навлаката на штицата по
долготрајно пеглање.
Заменете ја навлаката на штицата за
пеглање ако се истрошил пенестиот
материјал. Можете да додадете и
дополнителен слој на филцан материјал
под навлаката на штицата за пеглање за да
спречите кондензирање на штицата за
пеглање. Филц можете да купите во
продавница за ткаенини.
Имате навлака на штицата за
пеглање што не е
предвидена да ја издржи
големата количина на пареа
од апаратот.
Ставете дополнителен слој филцан
материјал под навлаката на штицата за
пеглање за да спречите кондензирање на
штицата за пеглање. Филц можете да
купите во продавница за ткаенини.
Од грејната плоча
капе вода.
Преостанатата пареа во
цревото се оладила и се
кондензирала во вода.
Поради тоа капе вода од
грејната плоча.
Неколку секунди користете пареа подалеку
од облеката.
Излегува пареа и/
или вода под
регулаторот EASY
DE-CALC.
Регулаторот EASY DE-CALC не
е добро стегнат.
Исклучете го апаратот и оставете го да се
лади 2 часа. Одвртете го регулаторот EASY
DE-CALC и правилно завртете го на
апаратот. Забелешка: може да излезе малку
вода кога ќе го извадите регулаторот.
Гумениот заптивен прстен на
регулаторот EASY DE-CALC е
истрошен.
Контактирајте со овластен сервисен центар
на Philips и побарајте нов регулатор EASY
DECALC.
Summary of Contents for PerfectCare Elite GC9600 Series
Page 170: ......