MK - 29 -
Безбедносни предупредувања
• Не користете продолжителен кабел или повеќевлезен штекер.
• Не вклучувајте оштетени, скинати или стари приклучоци.
• Немојте да го тргате, виткате или оштетувате кабелот.
• Уредот е наменет да се користи од страна на возрасни, не оставајте
им на децата да си играат со него или да висат на вратата.
• Не го фаќајте кабелот со влажни раце, опасност од струен удар!
• Не поставувајте стаклени шишиња или лименки со пијалаци во
замрзнувачот. Шишињата или лименките може да експлодираат.
• Поради ваша безбедност не поставувајте експлозивни и запаливи
материјали во фрижидерот. Поставете ги пијалаците со висок
алкохолен процент во одделот за ладење со добро затворени затки
и во вертикална позиција.
• Избегнувајте контакт со гола кожа со мразот додека го вадите од
делот за длабоко замрзнување, бидејќи мразот може да предизвика
замрзнатини и/или посекотини.
• Не допирајте замрзнати работи со влажни раце! Немојте да
јадете сладолед и коцки мраз веднаш откако ќе ги извадите од
замрзнувачот!
• Немојте повторно да ги замрзнувате храните кои еднаш се одмрзнале.
Тоа може да предизвика здравствени проблеми од типот на труење
со храна.
• Не го покривајте телото и врвот на фрижидерот со чаршаф. Тоа влијае
на работата на фрижидерот.
• Обезбедете ги внатрешните додатоци во апаратот за да не се оштетат при
преместување.
Инсталација и ракување со вашиот фрижидер
Пред да почнете да го користите фрижидерот, обрнете внимание на следниве
работи:
• Работниот напон на фрижидерот е 220-240 волти при 50 херци.
• Приклучокот мора да биде на дофат после инсталацијата.
• При првото вклучување може да се појави мирис. Ќе исчезне кога уредот ќе почне
да лади.
• Пред да поврзете во струјно коло, осигурете се дека напонот означен на плочката
со името на уредот одговара на напонот во вашата мрежа дома.
• Вклучете го приклучокот во штекер со ефикасно заземјување. Доколку штекерот не
е заземјен или не одговара, ви препорачуваме да повикате авторизиран електричар
да ви помогне.