MK - 30 -
Пред да го користите фрижидерот
• За да овозможите ефикасна работа, при првото користење или после
преместување, вклучете го фрижидерот во струја и оставете го
исправен 3 часа. Во спротивно, може да го оштетите компресорот.
• При првото вклучување може да се појави мирис; мирисот ќе исчезне
кога фрижидерот ќе почне да лади.
• Уредот мора да биде поврзан на штекер со соодветен осигурувач. Напојувањето и
напонот на напојната точка мора да соодветствуваат со деталите на плочката на
уредот (таа се најдува на внатрешната лева страна на уредот).
• Не преземаме одговорност за штета настаната поради незаземјени приклучоци.
• Поставете го фрижидерот на добро место кое нема да биде изложено на директна
сончева светлина.
• Фрижидерот не смее никогаш да се користи на отворено или да се
остава на дожд.
• Треба да биде на најмалку 50 см од извори на топлина како шпорети,
фурни, радијатори и печки и најмалку на 5 см од електрични фурни.
• Ако фрижидерот е веднаш до сандак за длабоко замрзнување,
неопходно е да се остави најмалку 2 см помеѓу нив со цел да се
избегне кондензација на надворешните површини.
• Не оставајте тешки предмети на уредот.
• Целосно чистете го уредот, особено во внатрешноста, пред да го користите (видете
го делот Чистење и одржување).
• Процедурата за инсталирање во кујнските елементи е дадена во прирачникот за
инсталација. Уредов е наменет за користење единствено во соодветни кујнски
елементи.
• Прилагодливите предни ногалки мора да се постават на соодветна висина со цел
фрижидерот да работи стабилно и правилно. Тоа можете да го
направите со вртење на ногалките во правец на стрелките (или
обратно). Тоа треба да се направи пред да се постави храна во
фрижидерот.
• Пред да го користите фрижидерот, избришете ги сите делови
со млака вода во која сте раствориле сода бикарбона и потоа
исплакнете со чиста вода и исушете. Вратете ги сите делови
после чистењ.
• Поставете ја пластиката за прилагодување на растојание (делот со црни крилца
на задната страна) така што ќе го завртите за 90 степени со што ќе оневозможите
на кондензаторот да го допира ѕидот.condenser from touching the wall.