MK - 36 -
Доколку вашиот замрзнувач не работи како што очекувавте, проверете ги решенијата
дадени долу пред да повикате електричар или сервисер.
Што да направите ако апаратот не работи:
Проверете дали:
• Термостатот не е поставен на позиција « • »
• Вашиот замрзнувач е приклучен во струја и вклучен,
• Главниот осигурувач во домот е исклучен,
• Штекерот повеќе не функционира. За да го проверите ова, приклучете друг апарат
во истиот штекер којшто работи правилно.
Што да направите ако апаратот работи лошо:
Проверете дали:
• Сте го преоптовариле апаратот,
• Термостатот не е поставен на позиција « 1 »,
• Вратите се правилно затворени,
• Има прашина на кондензаторот,
• Има доволно место одзади и од страните на уредот за циркулација на воздух.
Ако има бука:
Гасот за ладење што циркулира во колото за ладење прави делумна бука (звук на
баботење) дури и кога компресорот не работи. Ова е нормално. Ако звукот е поинаков,
проверете дали:
• Апаратот е добро порамнет
• Нешто се допира на задната страна
• Ништо не вибрира врз или во уредот.
Препораки
• Ако уредот не е употребуван подолго време (на пример, за време на одмор),
одмрзнете и исчистете го фрижидерот, оставете ја вратата отворена за да спречите
формирање роса и непријатен мирис.
• За да го исклучите апаратот, исклучете го приклучокот од штекер (при чистење и
кога вратите се оставени отворени).
• Ако проблемот опстојува откако сте ги следеле сите погоре дадени упатства,
повикајте го најблискиот овластен сервис.
• Ладилникот што го купивте е наменет за домашна употреба и може да се користи
само дома и за наменетата цел. Не е наменет за комерцијална или заедничка
употреба. Ако го користите ладилникот на начин којшто не соодветствува со
одликите, потенцираме дека производителот и застапникот не се одговорни за
поправките или дефектите во периодот на гаранцијата.
ПРЕД ДА ПОВИКАТЕ СЕРВИСЕР
ДЕЛ 6