26
27
МАКЕДОНСКИ
РАЧНО ОДМРЗНУВАЊЕ
Микробрановите се идеални за одмрзнување на храна. Тие постепено ја
одмрзнуваат храната за краток временски период. Ова е голема предност
доколку ненадејно ви дојдат гости.
Замрзнатата живина треба целосно да се одмрзне пред готвењето.
Отстранете ги сите метални прицврстувачи и врвци за да се овозможи
водата да истече.
Ставете ја замрзнатата храна во сад без капак. Завртете ја живината на
половина од времето, истурете ја течноста и отстранете ги внатрешните
делови што побрзо.
Повремено проверувајте ја храната за да не се загрее.
Ако помалите и потенки парчиња од замрзнатата храна почнат да се
загреваат, можете да ги завиткате во алуминиумска фолија за време на
одмрзнувањето.
Ако живината почне да се загрева однадвор, престанете со одмрзнувањето
и оставете ја да отстои 20 минути пред да продолжите.
Оставете ги рибата, месото и живината да отстојат за да се одмрзнат
целосно. Времето потребно храната да отстои се менува во зависност од
количината. Ве молиме погледнете во табелата.
Совет:
Тенко исечената храна се одмрзнува подобро од
дебелите парчиња и малите количини се одмрзнуваат
подобро од големите. Запомнете го ова кога
замрзнувате или одмрзнувате храна.
За одмрзнување на замрзната храна со температура од околу -18 до -20
°C, употребете ја следната табела како упатство.
Замрзнатата храна треба да се одмрзнува со употреба на ниво на јачина од
(180 W,
).
Храна
порција
време
(мин.)
време на
стоење
(мин.)
Инструкции
Месо
Мелено
телешко
250 g
500 g
6½-7½
10 -12
5-25
Ставете го месото на рамна керамичка
чинија. Покријте ги краевите со фолија.
Завртете на половина од времето за
одмрзнување!
Свински стек
250 g
7½-8½
Живина
Парчиња
пилешко
500 g
(2 парчиња)
14½-15½
15-40
Прво, ставете ги парчињата од
кокошката со кожата надолу, или целата
кокошка со градите надолу на плитка
керамичка чинија. Заштите ги потенките
делови како крилцата и краевите со
алуминиумска фолија. Завртете на
половина од времето за одмрзнување!
Цела кокошка
900 g
28-30
Риба
Риба филети
200 g
(2 парчиња)
6-7
5-15
Ставете ја замрзнатата риба на
средината од една плитка керамичка
чинија. Наредете ги потенките парчиња
под поголемите.
Заштитете ги крилцата и краевите со
алуминиумска фолија. Завртете на
половина од времето за одмрзнување!
400 g
(4 парчиња)
12-13
Овошје
Зрнесто
овошје
250 g
6-7
5-10
Распределете го овошјето на плитка,
кружна стаклена чинија (со голем
пречник).
Леб
Парчиња леб
(секое околу
50 g)
2 парчиња
4 парчиња
½-1
2-2½
5-20
Поставете ги парчињата во круг или
целиот леб на хартија за кујна на средина
на плочата.
Завртете на половина од времето за
одмрзнување!
Тост/сендвич
250 g
4½-5
Германски леб
(од пченично
и 'ржано
брашно)
500 g
8-10
ГРЕЈАЧ
Грејачот е сместен на горната страна од внатрешноста на печката. Функционира
кога вратата е затворена и плочата се врти. Вртењето на плочата придонесува
храната да поцрвени од сите страни. Загревањето на грејачот од 3-4 минути ќе
придонесе храната да поцрвени побрзо.
Садови за печење:
Треба да бидат огноотпорни и може да содржат метал. Не користете пластични
садови, затоа што може да се стопат.
Храна погодна за печење:
Кременадли, колбаси, стекови, хамбургери, сланина, шунка, тенки парчиња риба,
сендвичи и сите видови тостови со прелив.
важна забелешка:
Секогаш кога се користи само грејачот, проверете дали тој е поставен во
хоризонтална положба на горниот дел, а не на задниот ѕид во вертикална положба.
Запомнете дека храната треба да биде поставена на висока решетка, освен ако не
е препорачано поинаку.
МИКрОбрАНОвИ + грЕЈАЧ
Овој начин на готвење ги комбинира зрачењето на топлина од грејачот со
брзината на готвење со помош на микробранови. Функционира само кога вратата
е затворена и плочата се врти. Поради вртењето на плочата, храната поцрвенува
подобро. Со овој модел можни се три комбинации на режим на работа: 600 W +
Грејач, 450 W + Грејач и 300 W + Грејач.
прибор за готвење со микробранови + грејач
Ве молиме употребувајте садови низ кои микробрановите можат да поминат.
Садовите мора да бидат огноотпорни. Не користете метален прибор при работа во
комбиниран режим. Не користете пластични садови, затоа што може да се стопат.
Храна погодна за готвење со микробранови + грејач:
Секоја храна што треба да се зготви и притоа да се потпече е погодна за овој
комбиниран режим (пр. печење тестенини), како и храната која треба да се
зацрвени однадвор за кратко време. Исто така, овој режим се употребува за
подебели парчиња храна кои треба да се потпечени и крцкави (пр. парчиња
пилешко, кои се превртуваат на половина од времето за готвење). Погледнете ја
табелата за печење за дополнителни информации.
важна забелешка:
Секогаш кога се користи комбиниран режим (микробранови + грејач), проверете
дали грејачот е поставен во хоризонтална положба на горниот дел, а не на задниот
ѕид во вертикална положба. Храната треба да биде поставена на висока решетка,
освен ако не е препорачано поинаку. Во друг случај треба да се постави директно
на плочата. Ве молиме погледнете ги инструкциите во следната табела.
Храната треба да се заврти, за да поцрвени од двете страни.
GE83X_BOL_DE68-04056F-02_MK_131004.indd 27
2013-10-04 �� 6:37:00
Summary of Contents for GE83X
Page 32: ...Кодов DE68 04056F 02 GE83X_BOL_DE68 04056F 02_BG_131004 indd 32 2013 10 04 6 42 00 ...
Page 64: ...Код бр DE68 04056F 02 GE83X_BOL_DE68 04056F 02_MK_131004 indd 32 2013 10 04 6 37 00 ...
Page 96: ...Kôd br DE68 04056F 02 GE83X_BOL_DE68 04056F 02_SR_131004 indd 32 2013 10 04 6 24 00 ...
Page 128: ...Nr cod DE68 04056F 02 GE83X_BOL_DE68 04056F 02_RO_131004 indd 32 2013 10 04 6 34 52 ...
Page 160: ...Nr i kodit DE68 04056F 02 GE83X_BOL_DE68 04056F 02_SQ_131004 indd 32 2013 10 04 6 25 08 ...
Page 192: ...Br šifre DE68 04056F 02 GE83X_BOL_DE68 04056F 02_HR_131004 indd 32 2013 10 04 6 38 38 ...
Page 224: ...Code No DE68 04056F 02 GE83X_BOL_DE68 04056F 02_EN_131004 indd 32 2013 10 04 7 13 41 ...