9
МАКЕДОНСКИ
Не ставајте запаливи материјали во печката. Обрнете
посебно внимание при загревање на храна или пијалоци кои
содржат алкохол бидејќи алкохолната пареа може да дојде во
контакт со некој жежок дел од печката.
Не дозволувајте им на децата да се приближуваат до вратата
кога ја отворате или затворате, бидејќи може да се удрат во
неа или да им ги стиснете нивните прсти со вратата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Загревањето на течности во печката
може да доведе до задоцнето вриење, затоа внимавајте кога
ракувате со садот; За да се заштитите во ваква ситуација
СЕКОГАШ оставете време од 20 секунди откако печката
ќе се исклучи за да може температурата да се изедначи.
Промешајте за време на загревањето, доколку е потребно, и
СЕКОГАШ промешајте по загревањето.
Во случај на изгореници, следете ги овие инструкции за
ПРВА ПОМОШ:
• Изгорената површина потопете ја во ладна вода најмалку
10 минути.
• Покријте ја со чиста, сува крпа.
• Не ставајте креми, масла или лосиони.
ВНИМАНИЕ
Користете садови исклучиво наменети за употреба во
микробранови печки; НЕ употребувајте метални садови,
тенџериња со златни и сребрени делови, ражен, вилушки и
сл.
Отстранете ги врвките од хартиените и пластични ќеси.
Причина: Електрично празнење или искри може да
предизвикаат оштетување на печката.
Не сушете весници или облека во микробрановата печка.
Користете пократки времиња за помали количини на храна
за да спречите прегревање и горење на храната.
Не го потопувајте кабелот или приклучокот за напојување во
вода и држете го кабелот за напојување подалеку од топлина.
Јајца со лушпа и тврдо варени јајца не треба да се загреваат
во микробрановата печка, бидејќи може да експлодираат,
дури и ако печката повеќе не е вклучена; Исто така, не
загревајте херметички или вакуумирани шишиња, тегли,
садови, ореви со лушпа, домати и сл.
Не покривајте ги отворите за вентилација со крпа или
весници. Тие може да се запалат од топлиот воздух кој
излегува од внатрешноста на печката. Исто така, печката
може да се прегрее и автоматски да се исклучи, а ќе остане
исклучена сè додека не се излади доволно.
Секогаш употребувајте ракавици при вадење на сад од
печката за да не добиете изгореници.
Промешајте ги течностите при загревањето или по
завршување на загревањето и оставете го садот со течности
најмалку 20 секунди по загревањето за да спречите
превривање.
Немојте да приоѓате премногу блиску кога ја отворате
вратата за да не добиете изгореници од жешкиот возудх или
пареата која излегува.
Не употребувајте ja микробрановата печка кога е празна.
Микробрановата печка автоматски ќе се исклучи за 30
минути заради безбедносни причини. Ви препорачуваме
постојано да ставате чаша со вода во печката за
апсорбирање на микробрановата енергија доколку
микробрановата печка случајно се активира.
Инсталирајте ја печката во согласност со слободниот
простор кој е наведен во ова упатство. (погледнете го делот
за инсталирање на микробрановата печка.)
Внимавајте при приклучувањето на останатите електрични
уреди во штекер во близина на печката.
GW711K-B_BOL_DE68-03895E-01_MK.indd 9
2013-05-15 �� 12:33:00
Summary of Contents for GW711K
Page 27: ...27 БЪЛГАРСКИ ЗАБЕЛЕЖКА ЗАБЕЛЕЖКА GW711K B_BOL_DE68 03895E 01_BG indd 27 2013 05 15 12 32 03 ...
Page 55: ...27 МАКЕДОНСКИ ЗАБЕЛЕШКА ЗАБЕЛЕШКА GW711K B_BOL_DE68 03895E 01_MK indd 27 2013 05 15 12 33 04 ...
Page 83: ...27 SRPSKI NAPOMENA NAPOMENA GW711K B_BOL_DE68 03895E 01_SR indd 27 2013 05 15 12 34 01 ...
Page 111: ...27 ROMÂNĂ NOTĂ NOTĂ GW711K B_BOL_DE68 03895E 01_RO indd 27 2013 05 15 12 33 26 ...
Page 139: ...27 SHQIP SHËNIM SHËNIM GW711K B_BOL_DE68 03895E 01_SQ indd 27 2013 05 15 12 33 45 ...
Page 167: ...27 HRVATSKI NAPOMENA NAPOMENA GW711K B_BOL_DE68 03895E 01_HR indd 27 2013 05 15 12 32 43 ...
Page 195: ...27 ENGLISH NOTE NOTE GW711K B_BOL_DE68 03895E 01_EN indd 27 2013 05 15 12 32 22 ...