9
8
МАКЕДОНСКИ
Не исклучувајте го уредот преку вадење на приклучокот за
напојување додека уредот се користи.
Немојте да ги ставате вашите прсти или надворешни
супстанци, доколку во уредот навлезат надворешни
супстанци како вода, извадете го приклучокот за напојување
и обратете се до најблискиот сервисен центар.
Немојте да вршите прекумерно притискање или удирање на
уредот.
Немојте да ја поставувате печката врз кршливи елементи
како лавабоа или стаклени елементи.
При чистење на уредот не користете бензен, разредувач,
алкохол, чистач на пареа или чистач со висок притисок.
Погрижете се напонот на напојувањето, фреквенцијата и
струјата да бидат исти како оние од спецификациите на
производот.
Приклучокот за напојување цврсто вметнете го во ѕидниот
штекер. Не употребувајте адаптер со повеќе приклучни
места, продолжителен кабел или електричен трансформатор.
Не го закачувајте кабелот за напојување на метални
предмети, вметнете го кабелот за напојување помеѓу
предметите или зад печката.
Не употребувајте оштетен приклучок за напојување, оштетен
кабел за напојување или штекер со раширени отвори.
Кога приклучокот или кабелот за напојување ќе се оштети,
обратете се до најблискиот сервисен центар.
Не сипувајте или прскајте вода директно на печката.
Не ставајте предмети на печката, во нејзината внатрешност
или на нејзината врата.
Немојте да прскате испарливи материјали како инсектициди
на површината од печката.
Не ставајте запаливи материјали во печката. Обрнете
посебно внимание при загревање на храна или пијалоци кои
содржат алкохол бидејќи алкохолната пареа може да дојде во
контакт со некој жежок дел од печката.
Не дозволувајте им на децата да се приближуваат до вратата
кога ја отворате или затворате, бидејќи може да се удрат во
неа или да им ги стиснете нивните прсти со вратата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Загревањето на течности во печката
може да доведе до задоцнето вриење, затоа внимавајте кога
ракувате со садот; За да се заштитите во ваква ситуација
СЕКОГАШ оставете време од 20 секунди откако печката
ќе се исклучи за да може температурата да се изедначи.
Промешајте за време на загревањето, доколку е потребно, и
СЕКОГАШ промешајте по загревањето.
Во случај на изгореници, следете ги овие инструкции за
ПРВА ПОМОШ:
• Изгорената површина потопете ја во ладна вода најмалку
10 минути.
• Покријте ја со чиста, сува крпа.
• Не ставајте креми, масла или лосиони.
ВНИМАНИЕ
Користете садови исклучиво наменети за употреба во
микробранови печки; НЕ употребувајте метални садови,
тенџериња со златни и сребрени делови, ражен, вилушки и
сл.
Отстранете ги врвките од хартиените и пластични ќеси.
Причина: Електрично празнење или искри може да
предизвикаат оштетување на печката.
Не сушете весници или облека во микробрановата печка.
Користете пократки времиња за помали количини на храна
за да спречите прегревање и горење на храната.
Не го потопувајте кабелот или приклучокот за напојување во
вода и држете го кабелот за напојување подалеку од топлина.
Јајца со лушпа и тврдо варени јајца не треба да се загреваат
во микробрановата печка, бидејќи може да експлодираат,
дури и ако печката повеќе не е вклучена; Исто така, не
загревајте херметички или вакуумирани шишиња, тегли,
садови, ореви со лушпа, домати и сл.
Не покривајте ги отворите за вентилација со крпа или
весници. Тие може да се запалат од топлиот воздух кој
излегува од внатрешноста на печката. Исто така, печката
може да се прегрее и автоматски да се исклучи, а ќе остане
исклучена сè додека не се излади доволно.
Секогаш употребувајте ракавици при вадење на сад од
печката за да не добиете изгореници.
Промешајте ги течностите при загревањето или по
завршување на загревањето и оставете го садот со течности
најмалку 20 секунди по загревањето за да спречите
превривање.
Немојте да приоѓате премногу блиску кога ја отворате
вратата за да не добиете изгореници од жешкиот возудх или
пареата која излегува.
Не употребувајте ja микробрановата печка кога е празна.
Микробрановата печка автоматски ќе се исклучи за 30
минути заради безбедносни причини. Ви препорачуваме
постојано да ставате чаша со вода во печката за
апсорбирање на микробрановата енергија доколку
микробрановата печка случајно се активира.
Инсталирајте ја печката во согласност со слободниот
простор кој е наведен во ова упатство. (погледнете го делот
за инсталирање на микробрановата печка.)
Внимавајте при приклучувањето на останатите електрични
уреди во штекер во близина на печката.
GW731K-B_BOL_DE68-04092B-03_MK_150212.indd 9
2015-02-14 �� 5:08:34
Summary of Contents for GW731K
Page 106: ...34 SRPSKI NAPOMENA NAPOMENA GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_SR_150212 indd 34 2015 02 14 5 16 04 ...
Page 107: ...35 SRPSKI NAPOMENA NAPOMENA GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_SR_150212 indd 35 2015 02 14 5 16 04 ...
Page 142: ...34 ROMÂNĂ NOTĂ NOTĂ GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_RO_150212 indd 34 2015 02 14 5 11 06 ...
Page 143: ...35 ROMÂNĂ NOTĂ NOTĂ GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_RO_150212 indd 35 2015 02 14 5 11 06 ...
Page 178: ...34 SHQIP SHËNIM SHËNIM GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_SQ_150212 indd 34 2015 02 14 5 13 35 ...
Page 179: ...35 SHQIP SHËNIM SHËNIM GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_SQ_150212 indd 35 2015 02 14 5 13 35 ...
Page 250: ...34 ENGLISH NOTE NOTE GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_EN_150212 indd 34 2015 02 14 4 58 53 ...
Page 251: ...35 ENGLISH NOTE NOTE GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_EN_150212 indd 35 2015 02 14 4 58 53 ...