Македонски - 4
Телетекст можност
(во зависност од моделот)
Повеќето телевизиски станици нудат текстуални информации преку телетекст. Индекс
страната на телетекст услугата ви нуди информации околу начинот на користење на
услугата. Дополнително, можете да изберете повеќе опции според вашите потреби со помош
на копчињата од далечинскиот управувач.
☛
За исправно прикажување на телетекст информациите, приемот на каналот мора да биде
стабилен. Во спротивен случај може да недостасуваат информации или да не се прикажат
некои страници.
1
TV
Напуштање на телетекст приказот (во зависност од моделот)
2
(store)
Се користи за снимање на телетекст страници.
3
(size)
Со притиснување во горниот дел на екранот се прикажуваат
букви со двојна големина. За долниот дел од екранот,
притиснете повторно. За прикажување на нормална слика,
притиснете уште еднаш.
4
(reveal)
Се користи за да се прикаже скриениот текст (на пример,
одговори на прашања од квиз). За прикажување на
нормална слика, притиснете повторно.
5
Копчиња во боја (црвено/зелено/жолто/сино)
Доколку FASTEXT системот се користи од телевизиска компанија,
различните области кои ги покрива телетекст услугата се кодирани
во боја и можат да се селектираат со притиснување на копчињата
во боја. Со притиснување на некое од нив ќе се прикаже
соодветната содржина. Страницата се прикажува со други
информации во боја кои можат да се селектираат на истиот начин.
За прикажување на претходната или наредната страница,
притиснете го оодветното копче во боја.
6
(teletext on/mix)
Со притиснување се активира телетекст режимот откако сте
го селектирале каналот кој нуди телетекст услуга. Со двојно
притиснување телетекст содржината ќе се преклопи со
сликата на тековната програма.
7
(mode)
Притиснете за да изберете телетекст режим (LIST/FLOF).
Доколку го притиснете во LIST режимот, ќе се префрлите во
List save режим. Во List save режимот ќе можете да снимате
телетекст страни во листа користејќи го
(store) копчето.
8
(sub-page)
Се користи за прикажување на под-страници.
9
(page up)
Се користи за прикажување на наредната телетекст страница.
0
(page down)
Се користи за прикажување на претходната телетекст страница.
!
(index)
Се користи за прикажување на индекс (содржина) страницата
во секое време додека ги гледате телетекст содржините.
@
(hold)
Се користи за да се задржи прикажувањето на избраната
страна во случај кога таа е поврзана со неколку страни кои
следуваат автоматски. За да продолжите, притиснете повторно.
#
(cancel)
Се користи за да се прикаже преносот додека трае
пребарувањето на некоја страница.
➢
Можете да ги менувате телетекст страниците со
притиснување на нумеричките копчиња на далечинскиот
управувач.
Продолжува...
BN68-01417B-00_Mac.indd 34
2008-4-2 14:38:13