Македонски - 4
• За да го заштитите овој уред од удар од гром или да го заштитите кога долг временски период не се
користи или надгледува, извадете го кабелот од ѕидниот приклучок за струја и исклучете ја антената
или кабелскиот систем. На тој начин ќе спречите оштетувања на уредот предизвикани од удар од
гром и промени во напонските водови.
• Пред да го поврзете кабелот за AC напојување со приклучокот на DC адаптерот, проверете дали
ознаката за напон на DC адаптерот одговара со локалното електрично напојување.
• Никогаш не вметнувајте метални предмети во отворените делови на овој уред. Тоа претставува
опасност од електричен удар.
• За да избегнете електричен удар, никогаш не допирајте ја внатрешноста на овој уред. Само
квалификуван техничар смее да го отвора овој уред.
• Приклучете го кабелот за напојување дури откако ќе го прицврстите уредот. Кога го исклучувате кабелот за
напојување од ѕиден приклучок за струја, секогаш влечете за приклучокот на кабелот за напојување. Никогаш
не исклучувајте го со влечење на самиот кабел. Не допирајте го кабелот за напојување со влажни раце.
• Ако овој уред не работи нормално - поточно, ако од него се слушаат невообичаени звуци или
излегува некоја миризба - веднаш исклучете го од напојување и обратете се кај овластениот продавач
или во сервисен центар на Samsung.
• Не заборавајте да го извлечете кабелот за напојување од приклучокот за струја ако телевизорот нема
да се користи или ако излезете од домот на подолг временски период (особено кога деца, постари
луѓе или луѓе со посебни потреби ќе останат сами во домот).
–
Насобраниот прав може да предизвика електричен удар, истекување на струја или пожар, бидејќи поради правта
кабелот за напојување може да создаде искри и топлина или изолацијата може да ги изгуби своите својства.
• Обратете се во овластен сервисен центар на Samsung за да добиете повеќе информации доколку
планирате да го инсталирате телевизорот на место со многу прав, високи или ниски температури, голема
влажност, хемиски супстанци или на места каде што ќе се користи во период од 24 часа како на аеродроми,
железнички станици итн. Во спротивно може да предизвикате сериозни оштетувања на телевизорот.
• Користете само соодветно заземјени приклучоци и штекери.
–
Неправилното заземјување може да предизвика електричен удар или оштетување на опремата.
(само опрема од класа l.)
• За да го исклучите целосно овој уред, извадете го неговиот кабел од ѕидниот штекер. За да можете
брзо да го исклучите кабелот за напојување на уредот доколку има таква потреба, овозможете лесен
пристап до ѕидниот штекер и приклучокот за напојување.
• Галантеријата (батерии итн.) треба да се складира на безбедно место кое не е на дофат на децата.
• Не го испуштајте или удирајте производот. Ако производот е оштетен, исклучете го кабелот за
напојување и обратете се во сервисен центар на Samsung.
• За да го исчистите уредот, исклучете го кабелот за напојување од ѕидниот штекер и избришете
го производот со мека и сува крпа. Не користете никакви хемикалии како восок, бензен, алкохол,
разредувачи, инсектициди, освежувачи на воздух, лубриканти или детергенти. Овие хемикалии можат да
го оштетат надворешниот изглед на телевизорот или да ги избришат испечатените ознаки на производот.
• Не изложувајте го уредот на капки или прскање.
• Не фрлајте ги батериите во оган.
• Не ги расклопувајте, прегревајте, или правете краток спој на батериите.
•
ВНИМАНИЕ
: Постои опасност од експлозија доколку батериите што сте ги користеле во далечинскиот
управувач ги замените со батерии од погрешен вид. Заменете ги само со ист или еквивалентен вид.
* Броевите и сликите од овој прирачник за користење служат само како референца и може да се
разликуваат од вистинскиот приказ на производот. Дизајнот и спецификациите на производот може да се
променат без претходно известување.
Јазиците од Заедницата на независни држави (руски, украински, казакстански) не се достапни за овој
производ, бидејќи тој е произведен за корисници во регионот на ЕУ.