Македонски - 17
Мак
ед
онски
06
Решавање на проблеми и одржување
Решавање на проблеми
Ако имате проблем со телевизорот, најпрво погледнете ја оваа листа на можни проблеми и решенија.
Или, пак, разгледајте го делот за решавање проблеми или често поставувани прашања во e-Manual. Ако
не можете да примените ниту еден од овие совети за решавање проблеми, посетете ја веб-страницата
„www.samsung.com
“ и кликнете на Поддршка или обратете се во сервисен центар на Samsung што е
наведен на задната корица од овој прирачник.
• Овој TFT LED екран се состои од подпиксели за чие создавање е потребна софистицирана технологија.
На екранот, сепак, може да се појават неколку светли или темни пиксели. Овие пиксели нема да
имаат никакво влијание врз перформансите на уредот.
• За да го доведете вашиот телевизор во оптимална состојба, надградете го со најновиот софтвер.
Искористете ја функцијата
Ажурирај сега
или
Автоматско ажурирање
во менито на телевизорот (
>
Поставување
>
Поддршка
>
Ажурирање на софтверот
>
Ажурирај сега
или
Автоматско ажурирање
).
Телевизорот не може да се вклучи.
• Проверете дали AC-кабелот за напојување е добро приклучен во телевизорот и во ѕидниот
приклучок.
• Проверете дали ѕидниот приклучок за напојување функционира и дали сензорот за далечинскиот
управувач на долната страна на телевизорот е вклучен и свети непрекинато во црвена боја.
• Обидете се да го притиснете копчето
ТВ-контролор
на долната страна на телевизорот за да проверите
дали има проблем со далечинскиот управувач. Доколку телевизорот се вклучи, погледнете го делот
“Далечинскиот управувач не функционира”.
Нема слика/видео/звук или се репродуцира изобличена слика/видео/звук од
надворешниот уред или, пак, на телевизорот се прикажува “Слаб или никаков сигн.
”
или не може да се пронајдат канали.
• Проверете дали уредот е правилно поврзан и дали сите кабли се целосно вметнати.
• Исклучете ги и повторно приклучете ги сите кабли кои се поврзани во телевизорот и надворешните
уреди. Ставете нови кабли, доколку е можно.
• Потврдете дека е избран соодветниот влезен извор (
>
Извор
).
• Извршете тест за самодијагноза на телевизорот за да утврдите дали телевизорот или уредот го
предизвикува проблемот (
>
Поставување
>
Поддршка
>
Грижа за уред
>
Самодијагноза
>
Тест на
слика
или
Тест на звук
).
• Ако резултатите од тестот се нормални, рестартирајте ги поврзаните уреди со тоа што ќе ги исклучите
и повторно ќе ги вклучите каблите за напојување на секој уред. Ако проблемот не се отстрани,
погледнете го водичот за поврзување во прирачникот за користење на поврзаниот уред.
• Ако не користите кабелски приемник или сателитски приемник, а вашиот телевизор прима
телевизиски сигнали од антена или кабелски приклучок на ѕидот, тогаш активирајте ја функцијата
Автоматско пребарување канали
за да пребарувате канали (
>
Поставување
>
Емитување
>
(
Поставки за Автоматско пребарување канали
) >
Автоматско пребарување канали
).
–
Функцијата
Поставки за Автоматско пребарување канали
може да не се појави во зависност од
моделот или географската област.
–
Ако користите кабелски приемник или сателитски приемник, ве молиме погледнете го
прирачникот на кабелскиот приемник или сателитскиот приемник.