Инсталирање
• Не го поставувајте овој уред во близина или над радијатор
или грејни тела или, пак, на места каде што ќе биде
изложен на директна сончева светлина.
• Не поставувајте садови (вазни итн.) кои содржат вода врз овој уред,
бидејќи тоа може да предизвика пожар или електричен удар.
• Не изложувајте го уредот на дожд или влага.
• Обратете се во овластен сервисен центар на Samsung за
да добиете повеќе информации доколку планирате да го
инсталирате телевизорот на место со многу прав, високи или
ниски температури, голема влажност, хемиски супстанци
или на места каде што ќе се користи во период од 24 часа
како на аеродроми, железнички станици итн. Во спротивно
може да предизвикате сериозни оштетувања на телевизорот.
• Не изложувајте го уредот на капки или прскање.
Монтирање на телевизорот на ѕид
Ако го монтирате овој телевизор на ѕид, тогаш
придржувајте се строго до инструкциите што
ги наведува производителот. Доколку не
се монтира правилно, телевизорот може да
излезе од лежиштето или да падне, а притоа
да предизвика сериозни повреди кај деца или
возрасни и сериозни оштетувања на телевизорот.
• За да го нарачате комплетот со ѕиден носач на Samsung,
контактирајте со сервисниот центар на Samsung.
• Компанијата Samsung не е одговорна за оштетувањата
на производот или повредите кај вас или другите лица,
доколку изберете сами да го монтирате ѕидниот носач.
• Компанијата Samsung не одговара за оштетувањата на
производот или личните повреди што може да настанат
при употреба на ѕидни носачи кои не ги исполнуваат VESA
стандардите или спецификациите за монтирање или во случаи
кога корисникот не го следи упатството за инсталирање.
• Ѕидниот носач може да го инсталирате на цврст ѕид кој
е поставен нормално на подот. Пред да го прицврстите
ѕидниот носач на површини кои не се изработени од гипс
картон, обратете се кај најблискиот продавач за да добиете
дополнителни информации. Ако го поставите телевизорот
на таван или ѕид кој е косо поставен, тој може да падне и
да предизвика сериозни повреди.
• При монтирање на комплетот со ѕиден носач, ви
препорачуваме да ги прицврстите сите четири VESA завртки.
• Ако сакате да инсталирате комплет со ѕиден носач што
се монтира на ѕид само со две завртки на горниот дел,
тогаш користете комплет со ѕиден носач од Samsung
што поддржува ваков вид на инсталација. (Ваков вид
на комплет со ѕиден носач може да не биде достапен за
купување во зависност од географската област.)
• Не го монтирајте телевизорот со закосување над 15
степени.
• Стандардните димензии за ѕидните носачи се прикажани
во табелата на
Quick Setup Guide.
Не го монтирајте ѕидниот носач додека телевизорот
е вклучен. Тоа може да предизвика лични повреди
како последица на електричен удар.
• Не употребувајте завртки кои се подолги од стандардните
димензии или не ги исполнуваат VESA стандардите за
спецификација на завртки. Завртките кои се премногу долги
можат да ја оштетат внатрешноста на вашиот телевизор.
• За ѕидните носачи кои не се во согласност со VESA
стандардите за спецификација на завртките, должината
на завртките може да се разликува во зависност од
спецификациите на ѕидниот носач.
• Не прицврстувајте ги завртките премногу. На тој начин
производот може да се оштети или, пак, да падне и
да ве повреди. Компанијата Samsung нема да сноси
одговорност за овој вид на несреќи.
• За монтирање на телевизорот на ѕид секогаш се потребни
две лица.
Обезбедување на соодветна вентилација за вашиот телевизор
При инсталирање на вашиот телевизор и
One Connect Box,
одржувајте растојание од најмалку 10
cm
помеѓу
One Connect
Box и останатите објекти (ѕидови, страните на комодата
итн.) за да овозможите соодветна вентилација. Доколку не
одржувате соодветна вентилација, тоа може да предизвика
пожар или проблем кај производот кој ќе настане поради
зголемување на неговата внатрешна температура.
• Ако за инсталацијата на телевизорот користите држач или
ѕиден носач, строго ви препорачуваме да користите делови
обезбедени само од компанијата Samsung. Користењето
делови од друг производител може да предизвика
неправилна работа на производот или може да дојде до
повреда предизвикана од неисправност на уредот.
Мерки за безбедност
Внимание
: Повлекувањето, туркањето
или качувањето на телевизорот може
да предизвика паѓање на телевизорот.
Особено внимавајте вашите деца да
не се држат за телевизорот и да не го
дестабилизираат. Ова движење може да
доведе до превртување на телевизорот,
предизвикувајќи сериозни повреди
или смрт. Придржувајте се до сите
безбедносни мерки кои се наведени во
безбедносниот леток кој се испорачува со
вашиот телевизор. За поголема стабилност
и безбедност може да го купите и
инсталирате системот што спречува
паѓање на уредот, погледнете во „Мерки
со кои ќе спречите паѓање на телевизорот“.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Никогаш не го
поставувајте телевизорот на нестабилно место.
Телевизорот може да падне и да предизвика
сериозни повреди или смрт. Многу повреди,
особено кај децата, можат да се избегнат со
преземање неколку едноставни мерки на
претпазливост, како на пример:
Македонски - 3
Мак
ед
онски
92 / 134