• Секогаш користете комоди или масички или начини за
поставување што ги препорачува Samsung.
• Секогаш користете мебел што може безбедно да го држи
телевизорот.
• Секогаш проверувајте дали телевизорот виси на работ од
мебелот на кој е поставен.
• Секогаш поучувајте ги децата за опасностите од качување врз
мебелот за да го дофатат телевизорот или неговите копчиња.
• Секогаш поставувајте ги каблите поврзани во вашиот
телевизор на начин на кој нема да можете да се сопнете од
нив, да ги повлечете или истргнете.
• Никогаш не го поставувајте телевизорот на нестабилно место.
• Никогаш не поставувајте го телевизорот на висок мебел
(на пример, ормани или полици) без да ги прицврстите и
мебелот и телевизорот на соодветна подлога.
• Никогаш не поставувајте го телевизорот на ткаенини
или други материјали што можат да се стават помеѓу
телевизорот и мебелот на кој е поставен.
• Никогаш не поставувајте предмети, како што се играчки
и далечински управувачи, кои може да ги предизвикаат
децата да се качат врз телевизорот или мебелот на кој е
поставен телевизорот.
При користење и преместување на телевизорот важат истите
мерки на претпазливост наведени погоре.
• Ако треба да го преместите или да го подигнете
телевизорот за да го замените или за да го чистите,
внимавајте да не го извлечете држачот.
Мерки со кои ќе спречите паѓање на телевизорот
Ѕидна типла
(не е доставена)
1.
Носачите треба добро да се прицврстат за ѕидот со помош
на соодветни завртки. Проверете дали завртките се цврсто
прикачени на ѕидот.
–
Може да ви бидат потребни дополнителни материјали
како ѕидни типли, во зависност од типот на ѕидот.
2.
Носачите треба добро да се прицврстат за телевизорот со
помош на завртки со соодветна големина.
–
За спецификации за завртките, погледнете го делот за
стандардни завртки во табелата на
Quick Setup Guide.
3.
Поврзете ги носачите прицврстени за телевизорот и
носачите прицврстени на ѕидот со издржлива и цврста
жица, а потоа силно прицврстете ја жицата.
–
Поставете го телевизорот блиску до ѕидот за да не може
да падне наназад.
–
Поврзете ја жицата така што носачите прицврстени
за ѕидот да се наоѓаат на иста висина или пониско од
носачите прицврстени за телевизорот.
Користење
• Овој уред користи батерии. Во вашата заедница можеби
постојат еколошки регулативи според кои треба правилно
да ги отстраните овие батерии. Ве молиме обратете се
кај вашите локални власти за да добиете информации за
отстранување или рециклирање.
• Галантеријата (далечински управувач, батерии итн.) треба
да се складира на безбедно место кое не е на дофат на
деца.
• Не го испуштајте или удирајте производот. Ако производот
е оштетен, исклучете го кабелот за напојување и обратете
се во сервисен центар на Samsung.
• Не фрлајте ги далечинскиот управувач или батериите во
оган.
• Не ги расклопувајте, прегревајте, или правете краток спој
на батериите.
•
ВНИМАНИЕ
: Постои опасност од експлозија доколку
батериите што сте ги користеле во далечинскиот
управувач ги замените со батерии од погрешен вид.
Заменете ги само со ист или еквивалентен вид.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - ЗА ДА СПРЕЧИТЕ
ПОЈАВА НА ПОЖАР, СЕКОГАШ ЧУВАЈТЕ
ГИ СВЕЌИТЕ И ДРУГИТЕ ИЗВОРИ НА
ОТВОРЕН ОГАН ПОДАЛЕКУ ОД ОВОЈ
ПРОИЗВОД.
Грижа за телевизорот
• За да го исчистите уредот, исклучете го кабелот за
напојување од ѕидниот штекер и избришете го производот
со мека и сува крпа. Не користете никакви хемикалии
како восок, бензен, алкохол, разредувачи, инсектициди,
освежувачи на воздух, лубриканти или детергенти. Овие
хемикалии можат да го оштетат надворешниот изглед на
телевизорот или да ги избришат испечатените ознаки на
производот.
• Надворешниот дел и екранот на телевизорот може да се
изгребат при чистење. Не заборавајте внимателно да го
избришете надворешниот дел и екранот со мека крпа за
да не направите гребнатини.
• Не прскајте вода или каква било течност директно на
телевизорот. Секоја течност која ќе навлезе во производот
може да предизвика неисправност, пожар или електричен
удар.
Македонски - 4
Summary of Contents for QE43Q60AAUXXH
Page 9: ...This page is intentionally left blank ...
Page 17: ...Az oldal szándékosan üres ...
Page 25: ...Ta strona jest celowo pusta ...
Page 33: ...Αυτή η σελίδα έχει μείνει σκόπιμα κενή ...
Page 41: ...Тази страница е нарочно оставена празна ...
Page 49: ...Ova je stranica namjerno ostavljena praznom ...
Page 57: ...Tato stránka je prázdná záměrně ...
Page 65: ...Táto strana je vynechaná zámerne ...
Page 73: ...Această pagină este intenţionat lăsată goală ...
Page 81: ...Ova stranica je namerno ostavljena praznom ...
Page 89: ...Kjo faqe është lënë qëllimisht bosh ...
Page 97: ...Оваа страница е намерно оставена празна ...
Page 105: ...Ta stran je namenoma prazna ...
Page 113: ...Šī lapa ar nolūku ir atstāta tukša ...
Page 121: ...Šis puslapis specialiai paliktas tuščias ...
Page 129: ...See leht on jäetud tahtlikult tühjaks ...
Page 130: ...See leht on jäetud tahtlikult tühjaks ...