Македонски 17
ДОПОЛНЕНИЈА
При употреба
ЗАБЕЛЕШКА
• Функциите на производот може да се разликуваат во зависност од моделот.
• Ако контролата на рачката не функционира, тогаш правосмукалката ќе може да се користи
преку копчето [Power] (Напојување) на надворешното куќиште.
• При користење на четката за прав или алатката за процепи може да почувствувате вибрации од
правосмукалката.
• Кога правосмукалката не работи, заменете ги батериите. Ако проблемот не биде отстранет,
обратете се до вашиот овластен дистрибутер. Користете 2 батерии со големина AA.
ВНИМАНИЕ
• При вадење на приклучокот за напојување од штекер, држете го приклучокот, а не кабелот.
• Ве молиме не притиснувајте го копчето на рачката на кантичката за прав додека ја носите
правосмукалката.
• За складирање на производот, закачете го подниот чистач во малата вдлабнатина во долниот
дел на куќиштето.
Чистење и одржување
ЗАБЕЛЕШКА
• За да го исчистите филтерот за прав, додајте неутрален детергент во млака вода и потопете го
филтерот во период од 30 минути пред да го исперете.
• Не перете го излезниот филтер со вода.
• За да добивате максимални перформанси од излезниот филтер, тој треба да се менува еднаш
годишно.
• За да спречите гребнатини врз подот, проверувајте ја состојбата на четката и заменете ја
доколку е истрошена.
• Филтри за замена можете да најдете кај вашиот локален сервисер од Samsung.
• Држете го кабелот за напојување, а потоа притиснете го копчето за намотување на кабелот,
бидејќи може да се повредите ако ја изгубите контролата на кабелот за напојување при
намотувањето.
• Ако кабелот за напојување не се намотува правилно, извлечете го приближно 2 ~ 3 метри и
повторно притиснете го копчето за намотување на кабелот.
• За да ја испразните и исчистите кантичката за прав, можете да ја исплакнете со ладна вода.
• Ако вшмукувањето континуирано се намалува, ве молиме исчистете го филтерот за прав откако
ќе погледнете во делот „Чистење на филтерот за прав“.
Забелешки и мерки на претпазливост
ДОПОЛНЕНИЈА
}jZXWWXZWW^\ZkTWYnlUGGGX^
YWX^TW^TW[GGG㝘䟸G`aYXaZZ