Предупредување за неподвижна слика
Избегнувајте прикажување фотографии на екранот (како фајлови со слики во jpeg формат) или елементи
од фотографии (како лого ознаки од телевизиските канали, ленти за известувања за берзата или новости на
дното од екранот итн.) или, пак, програми во панорамски или 4:3 формат на слика на екранот. Ако постојано
прикажувате фотографии, тоа може да предизвика заостанати слики на LED екранот и да го намали
квалитетот на сликата. За да го намалите ризикот од овој несакан ефект, следете ги препораките наведени
подолу:
•
Избегнувајте прикажување на истиот телевизиски канал во долги временски периоди.
•
Обидете се секоја слика да ја прикажете на цел екран. За најдобро усогласување користете го менито за
поставување на форматот на сликата на телевизорот.
•
Намалете ги светлината и контрастот за спречување на појавата на заостанати слики.
•
Употребувајте ги сите функции на телевизорот кои се дизајнирани да го намалат задржувањето на
сликите и горењето на екранот. Погледнете во e-Manual за деталите.
Грижа за телевизорот
•
Ако на ТВ екранот била залепена некоја налепница, на тоа
место може да се појават нечистотии откако ќе ја отстраните
налепницата. Ве молиме исчитете ги нечистотиите пред да
започнете да гледате телевизија.
•
Надворешниот дел и екранот на телевизорот може да се
изгребат при чистење. Не заборавајте внимателно да го
избришете надворешниот дел и екранот со мека крпа за да не
направите гребнатини.
•
Не прскајте вода или каква било течност директно на
телевизорот. Секоја течност која ќе навлезе во производот може
да предизвика неисправност, пожар или електричен удар.
•
За да го исчистите екранот треба да го исклучите телевизорот,
а потоа внимателно да ги избришете дамките и отпечатоците
од прсти на екранот со ткаенина од микрофибер. Исчистете ја
надворешноста на телевизорот или екранот со мека ткаенина
од микрофибер натопена со мало количество на вода. Потоа,
отстранете ја влагата со сува ткаенина. Не употребувајте голема
сила врз површината на екранот за време на чистењето бидејќи
така можете да го оштетите екранот. Никогаш не користете
запаливи течности (бензен, разредувач итн.) или средство за
чистење. За тврдокорни дамки, испрскајте мало количество
средство за чистење екрани на ткаенина од микрофибер, а
потоа избришете ги дамките со ткаенината.
Македонски - 18
Македонски - 19
Summary of Contents for UE40MU6400
Page 322: ...Thispageisintentionally leftblank ...
Page 323: ...Thispageisintentionally leftblank ...