22
Пред првата употреба
▶
Пред првата употреба исчистете го со мек сунѓер, топла вода и
малку детергент и исплакнете.
Совети за употреба
▶
Со мала нечистотија помеѓу полето за готвење и плотната за
скара (на пр. сол или бибер во зрна) може при поместување на
приборот за готвење напред и назад да се појават гребнатини
на подот или на стаклената керамика. Затоа, секогаш
подигнувајте ја плотната за скара ако сакате да ја преместите.
За штети предизвикани поради непочитување на напомената,
не се презема никаква одговорност!
▶
Благодарение на висококвалитетната нелеплива облога,
плотната за скара е многу добро прилагодена за здрава
подготовка без маснотии. Ако сакате да правите скара со
масло, тогаш четкајте ја скарата со малку маст или масло, но
не плотната за скара. За тоа користете рафинирани растителни
масти или масла. Не се соодветни путерот, маргаринот, ладно
цедените масла и масла за салата.
▶
Користете ја плотната за скара исклучиво за подготовка на
храна.
▶
Не користете остри метални предмети бидејќи може да
предизвикаат гребнатини. Гребнатините или други оштетувања,
сепак, немаат никакво влијание врз вкусот или квалитетот на
печењето.
▶
Не користете ја плотната за скара на ниво за готвење 9 или
нивото Power-/ Boost и никогаш не оставајте ја плотната за
скара подолго празна на изворот на топлина. Достигнувате
температури од 300°C во празната состојба веќе по само
неколку минути. На овие високи температури, маслата и
мастите можат многу брзо да изгорат на површината. Потоа,
тоа може да има влијание на доброто нелепливо својство.
▶
Бидејќи рачките може многу да се загреат, најдобро е секогаш
да користите крпи или ракавици за рерна.
▶
Секогаш оставајте ја топлата плотна за скара да се излади по
употреба на зоната за готвење и потоа исчистете ја плотната.
▶
По чистењето плотната за скара мора добро да се исуши, за да
се заштити од оксидација.
Чистење и нега
▶
Никогаш не користете метален сунѓер или белило или
абразивно средство за чистење.
▶
Оставете ја плотната за скара пред чистењето прво да се
излади, за да се избегне деформација поради ладна вода.
▶
За внимателна грижа, препорачуваме топла вода и малку
детергент за садови / благ детергент за домаќинство и крпа за
садови. Длабнатините најдобро се чистат со четка за миење
садови.
▶
Подобро е да не ја чистите плотната за скара во машината за
миење садови. Чистачи, таблети и сол влијаат на облогата на
плотната за скара и можат да предизвикаат обезбојување.
Покрај тоа, чистењето во машината за миење садови може да
доведе до оксидација (светли дамки) на плотната за скара. Ако
сè уште сакате да ја исчистите плотната за скара во машината
за миење садови, тогаш истријте ја плотната за скара со масло.
За да се избегне сушење на облогата.
▶
Зачинетата или маринираната храна ослободува киселини кои
навлегуваат на површината на вашата плотна за скара. Ако ова
предизвика обезбојување или дамки, тие не влијаат на храната
ниту на резултатот на печење.
Плотната за скара е изработена од алуминиум-леано железо и
е обложена со специјална индукциска компетентна облога како
и со втора нелеплива облога. Плотната за скара никогаш не е
целосно рамна, но се прилагодува на плоча за готвење кога се
загрева.
±
Ве молиме внимавајте: За оптимална распределба на
топлина, површината на зоната за готвење мора да одговара на
полето за готвење на површината на плотната за скара.
Плотната за скара е наменета само за употреба во приватни
домаќинства.
Табела за готвење
Табелата подолу покажува неколку примери. Времињата за готвење зависат од видот, тежината и квалитетот на печењето.
Како резултат на тоа, можни се разни варијации. За греење користете го нивото за готвење 8 (или 8.).
Плотна за скара
mk упатство за користење
Степен на
постојано готвење
Времетраење на
печењето во минути
Месо
Пилешки гради (дебелина 2 cm)
5 . - 6 .
20 - 30
Свински бифтек, шницла (натур)
5 . - 6 .
15 - 20
Стек (3 cm дебелина)
6 . - 7 .
8 - 12
Мариниран стек
6 . - 7 .
15 - 20
Ќофтиња, хамбургер (2 cm дебелина)
5 . - 6 .
20 - 30
Сланина
6 . - 7 .
3 - 8
Колбас
5 . - 6 .
20 - 30
Риба
Шкампи и морски ракчиња
5 . - 6 .
8 - 10
Филети од лосос
5 . - 6 .
10 - 15
Пастрмка
4 . - 6 .
15 - 25
Филети од риба
5 . - 6 .
10 - 15
Зеленчук
Тиквички, модар патлиџан
5 . - 6 .
10 - 15
Пиперка, зелени шпаргли
6 . - 7 .
5 - 10
Шампињони
6 . - 7 .
10 - 15
Компири
5 . - 6 .
10 - 20
Леб
Чиабата леб, тост, лепиња
6 . - 7 .
5 - 10
Ако индукциската плоча за готвење со Flexzone има функција на сензор за печење, можете исто така да ги користите со плотна
за скара од одреден сериски број.
GA_Griddle_Plate_SE_9001473381.indd 22
GA_Griddle_Plate_SE_9001473381.indd 22
26.11.19 21:30
26.11.19 21:30