75
MKD
Мерки на претпазливост
Пред ракувањето со уредот прочитајте ги сите
упатства. Добро зачувајте го ова упатство за идна
употреба.
Производ
• Не блокирајте ги и не покривајте ги
вентилационите отвори на капакот од задната
страна.
• Не внесувајте никакви предмети во
уредот низ отворите на куќиштето бидејќи
може да дојдат во контакт со деловите
што пренесуваат струја или што може
да предизвикаат краток спој, што може
да предизвика пожар, струен удар или
оштетување на уредот.
• Не обидувајте се да го отворите куќиштето
бидејќи тоа може да го оштети уредот. Внатре
нема делови што би можеле самостојно да
ги сервисирате. За сите видови сервисирање
обратете му се на квалификуваниот персонал.
• Не допирајте ја површината на екранот со
прсти бидејќи може да го изгребете или да го
уништите екранот на ТВ-уредот.
• Не притискајте го силно екранот на ТВ-уредот
бидејќи на тој начин може сериозно да го
оштетите екранот на ТВ-уредот.
Напојување и приклучок
• Исклучете го уредот од струја во следниве
ситуации:
–
Ако немате намера да го користите уредот
подолг временски период.
–
Ако каблите за напојување или штекерот/
приклучокот се оштетени.
–
Следете ги упатствата за инсталирање и
нагодете го производот. Нагодете ги само
оние контроли што се опфатени со ова
упатство за употреба бидејќи неправилното
нагодување на преостанатите контроли
може да предизвика оштетувања. Ако
се случи ова, исклучете го уредот од
струја и обратете му се на персоналот за
сервисирање.
–
Ако уредот претрпел удар или паѓање
поради што настанало оштетување на
куќиштето.
Кабел за напојување и
сигнален кабел
• Не дозволувајте што било да се потпира или
да се движи преку кабелот за напојување и
сигналниот кабел.
• Заштитете ги кабелот за напојување и
сигналниот кабел од газење.
• Не преоптоварувајте го кабелот за напојување
или штекерот.
• Не изложувајте ги кабелот за напојување и
сигналниот кабел на дејството на влага.
Опкружување во кое се
употребува
• Не поставувајте го уредот на нестабилни
конструкции со тркалца, подлоги или на маси.
• Поставете го уредот на место што овозможува
добра вентилација.
• Не употребувајте го уредот во близина на
влажни и ладни места. Заштитете го уредот од
прекумерно загревање.
• Држете го уредот подалеку од директните
сончеви зраци.
• Врз уредот не смее да капе или да прска
течност и на уредот не смее да се ставаат
предмети наполнети со течност, како што се
вазни.
• Не употребувајте го уредот во близина на
прашливи места.
Чистење
• Отстранете ја правта од уредот така што ќе
ги избришете екранот и куќиштето со мека,
чиста крпа или со специјална течност за
чистење.
• Не притискајте го премногу екранот во текот
на чистењето.
• При чистењето на екранот не користете вода,
како ни други хемиски средства бидејќи тоа
може да ја оштети површината на екранот на
ТВ-уредот.
Поставување на ТВ-уредот
на ѕид
Предупредување: За оваа операција се
потребни две лица.
За да бидете сигурни дека постапката за
инсталирање е безбедна, придржувајте се кон
следниве забелешки за безбедност:
• Проверете дали ѕидот може да ја поддржи
тежината на ТВ-уредот и на конструкцијата за
монтирање на ѕид.
• Следете ги упатствата за монтирање што се
приложени со конструкцијата за монтирање.
• ТВ-уредот мора да се инсталира на
вертикален ѕид.
ВОВЕД