79
MKD
ОПШТИ ПОДАТОЦИ ЗА РАКУВАЊЕ
Вклучување
Исклучување
Пред да преминете на следните страници, на кои е опишана процедурата за нагодување на каналите,
прочитајте ги упатствата што се прикажани на оваа страница за тоа како да ги вклучите вашиот ТВ-уред
и далечинскиот управувач.
1. Ставете две батерии во далечинскиот управувач.
Мерки на претпазливост при употреба на батерии:
- Користете ги само наведените типови батерии.
- Бидете сигурни дека батеријата ја поставувате водејќи сметка за нејзиниот поларитет.
- Не комбинирајте нови со веќе користени батерии.
- Не користете батерии што се полнат.
- Не изложувајте ги батериите на извори на прекумерна топлина, како што се сончеви зраци,
оган и слично, не фрлајте ги во оган, не дополнувајте ги и не обидувајте се да ги отворите
бидејќи тоа може да доведе до нивно истекување или до експлозија.
- Извадете ги батериите од далечинскиот управувач ако не планирате да го користите подолг
временски период.
2. Кабелот за напојување
ПРВО
поврзете го со телевизорот, а
ПОТОА
со штекерот.
(Забелешка: Ако кабелот за напојување е поврзан со телевизорот, едноставно поврзете го
кабелот за напојување со штекерот).
Вашиот ТВ-уред треба да го приклучите исклучително на АС-струја. Тој не смее да се приклучува
на DC-струја. Ако приклучокот не е поврзан со кабелот, под ниедни услови не приклучувајте го во
штекерот бидејќи тоа создава опасност од струен удар.
3. Надворешната антена поврзете ја со приклучокот
ANTENNA/CABLE IN (ВЛЕЗ ЗА АНТЕНА/
КАБЕЛ)
или
SAT IN (ВЛЕЗ ЗА САТЕЛИТСКА АНТЕНА)
на задниот дел на ТВ-уредот..
4. Кога ќе го приклучите, ТВ-уредот директно ќе се вклучи или ќе биде во режим на подготвеност.
Забелешка:
Кај некои модели вклучете го ТВ-уредот со притискање на тастерот за вклучување/
исклучување.
Ако е вклучен индикаторот на напон, ТВ-уредот е во режимот на подготвеност. Притиснете на
тастерот на далечинскиот управувач или на ТВ-уредот за да го вклучите ТВ-уредот.
• За да го префрлите ТВ-уредот во режим на подготвеност, притиснете на тастерот
на
далечинскиот управувач или на ТВ-уредот за да го вклучите ТВ-уредот. ТВ-уредот ќе остане
приклучен, но со мала потрошувачка на енергија.
• За да го исклучите ТВ-уредот, извлечете го приклучокот од штекерот.
Забелешка:
Кај некои модели ТВ-уредот се исклучува со притискање на тастерот за вклучување/
исклучување.
{
(Претходно) За одење на претходниот блок.
}
(Следно) За одење на претходниот блок.
4
PVR-функција.
u
2
(Репродуцирање/Пауза) Да почнете, да паузирате или да
продолжите со гледање на содржината.
3
(Стоп) За прекинување на гледањето на содржината.
За приказ на аудиојазикот.