41
MK
• Овој уред е наменет за употреба во
домаќинствата и слично опкружување како
кујна за персонал во продавници, канцеларии
и друго работно опкружување; земјоделски
домаќинства и хотели, мотели и останати
објекти од резиденцијален тип, каде се става на
располагање на клиентите; објекти што даваат
услуги ноќевање со појадок; кетеринг и во
слични непродажни намени.
• Доколку кабелот за напојување е оштетен,
потребна е неговата замена да ја изврши
производителот, негов овластен сервисер или
лица со слични квалификации за да се избегне
појава на опасност.
• Немојте да чувајте експлозивни материи како
аеросол боци со запалив потисен гас во овој
уред.
• Уредот треба да го исклучите од струја по
употреба, а пред негово корисничко одржување.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Водете сметка да не бидат
блокирани вентилационите отвори во рамки
на вградениот дел или вградените конструкции
за уредот.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Не употребувајте
механички средства или други постапки за
забрзување на процесот на топење, доколку не
се препорачани од страна на производителот.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Не оштетувајте ги
инсталациите за разладно средство.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Не употребувајте
електрични уреди во рамки на одделот за
чување на храна на овој уред, освен ако се
работи за типови на уреди препорачани од
страна на производителот.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Одложете го фрижидерот
во согласност со локалните прописи бидејќи
за негова работа се употребуваат запаливи
експлозивни гасови и разладно средство.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: При позиционирање на
уредот, уеверете се дека кабелот за напојување
не е притиснат или оштетен.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Не поставувајте преносни
продолжни кабли со повеќе приклучоци или
преносни акумулатори позади уредот.
• Не употребувајте продолжни кабли или
незаземјени (со два крака) адаптери.
•
ОПАСНОСТ
: Ризик од затворање на деца
во уредот. Пред да го одложите вашиот стар
фрижидер или замрзнувач:
-Извадете ги вратите.
-Оставете ги полиците во уредот за да не можат
децата лесно да се пикнат внатре.
• Пред да се обидете да инсталирате некој
пропратен елемент, мора да го исклучите
уредот од струја.
• Разладното средство и пенливото средство
циклопентан, што се употребуваат во рамки
на фрижидерот, се запаливи. Според тоа,
при одложувањето на фрижидерот, чувајте
го подалеку од извори на пламен и, наместо
да го одложите со согорување, предадете го
на некоја од специјализираните компании за
рециклирање со соодветни квалификации за да
се овозможи негова повторна употреба, бидејќи
на тој начин ќе ги спречите штетните ефекти по
животната средина или други опасности.
• За EN стандардот: Овој уред може да го
употребуваат деца на возраст од 8 или повеќе
години и лица со намалени физичко-сензорни
или ментални способности или со недостиг
на искуство и знаење, доколку се под надзор
или се упате ни за безбедна употреба на
уредот и ја разбираат опасноста, што неговата
употреба ја носи. Децата не смеат да си
играат со уредот. Децата не смеат да вршат
чистење и корисничко одржување на уредот
без надзор. Деца на возраст од 3 до 8 години
може да ставаат храна во или да ја земаат од
разладниот уред.
• За IEC стандардот: Овој уред не треба да го
употребуваат лица (вклучително и деца) со
намалени физичко-сензорни или ментални
способности или со недостиг на искуство
и знаење, освен ако се под надзор на лица
одговорни за нивната безбедност или ако
наведеното лице ги обучило за користење на
уредот.
• Децата треба да бидат под надзор за да
бидете сигурни дека не си играат со уредот.
• Упатството за употреба ги вклучува и следните
информации: За да избегнете контаминирање
на храната, придржувајте се до следните
упатства:
- Долгото држење на вратите на уредот
отворени може да доведе до значаен раст на
температурите во коморите на уредот.
- Редовно чистете ги површините што може да
дојдат во допир со храна, како и пристапните
делови на одводниот систем.
- Исчистете ги садовите за вода, доколку
не сте ги користеле во тек на временски
период подолг од 48 часа; доколку во тек на
временски период од 5 дена не сте земале
вода од уредот, измијте го системот за проток
на вода поврзан со садот за вода. (забелешка 1)
- Чувајте сирово месо и риба во фрижидерот
во соодветни садови, со цел овие намирници
да не дојдат во допир со или за да не капат по
останатата храна.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Предупредување:
ризик од пожар / запаливи материјали
Предупредување:
Summary of Contents for RI2700M
Page 80: ...tesla info ...