64
MK
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
При употреба на машината за перење садови,
следете ги наведените мерки на претпазливост:
• Овој уред е предвиден за употреба во
домаќинството и во слични објекти, како:
–
кујнски простории за персонал во продавници,
канцеларии и други деловни опкружувања;
–
куќа на фарма;
–
хотели, мотели и други опкружувања од
резиденцијален тип, наменети за клиенти;
–
Апартмани во кои се нудат услуги од типот на
ноќевање со појадок.
• Уредот може да го користат деца постари од
8 години, како и лица со намалени физички,
сетилни или ментални способности или лица
без искуство и знаење, ако се под надзор и ако
добиле упатства за безбедна употреба на уредот
и ги сфаќаат опасностите од неговата употреба.
• Децата не треба да играат со уредот. Децата
не треба да вршат чистење или одржување на
уредот без надзор. (Според EN60335-1)
• Не е предвидено уредот да го употребуваат
лица (вклучително и деца) со намалени физички,
сетилни или ментални способности или лица
без искуство и знаење, освен ако се под надзор
и ако добиле упатства за употреба на уредот од
лица одговорни за нивната безбедност. (Според
IEC60335-1)
• Амбалажата може да биде опасна за децата!
• Овој производ е предвиден исклучиво за
употреба во домаќинството и во затворен
простор.
• За да го намалите ризикот од струен удар, не го
натопувајте производот, кабелот или штекерот
во вода или некоја друга течност.
• Пред чистење и одржување на уредот, извадете
го приклучокот од штекер.
• За чистење користете мека крпа навлажнета со
блага сапуница, а потоа избришете со сува крпа.
Упатство за заземјување
• Уредот мора да биде заземјен. Во случај
на неправилно работење или дефект,
заземјувањето го намалува ризикот од струен
удар така што ќе ѝ овозможи на електричната
струја да најде пат со најмал отпор. Уредот е
опремен со приклучок за заземјување.
• Неопходно е приклучокот да биде поврзан
со соодветен излез поставен и заземјен во
согласност со сите локални прописи.
• Несоодветното поврзување на опремата
со проводникот за заземјување може да
предизвика појава на ризик од струен удар.
• Доколку се двоумите во врска со правилното
заземјување на уредот, проверете го
заземјувањето со квалификуван електричар или
претставник на сервис.
• Доколку приклучокот кој сте го добиле со уредот
не одговара на излезот, не го преправајте.
• Квалификуван електричар нека го постави
соодветниот излез.
• Немојте на агресивен начин да ракувате со
вратата или полиците за садови во машината и
немојте да стоите или седите на нив.
• Немојте да ја вклучувате машината за перење
садови доколку сите табли на куќиштето не се на
своите позиции.
• Бидете многу внимателни при отворање на
вратата на машината додека работи, бидејќи
постои ризик да Ве испрска млаз вода.
• Не ставајте тешки предмети на отворената врата
од машината и немојте да се потпирате на неа.
Уредот би можел да се преврти.
• При распоредување на садовите за перење:
1. Острите предмети распоредете ги така да не
може да ги оштетат заптивките на вратата;
2. Предупредување: Ножевите и останатиот
прибор со остри врвови мора да го
распоредите во корпата така да острите
делови бидат свртени кон долу или мора да ги
поставите во хоризонтална положба.
• Некои детергенти за машинско перење
садови се силно алкални. Ако дојде до нивно
проголтување, може да бидат многу опасни.
Избегнувајте контакт со кожата и очите, а децата
држете ги подалеку од машината доколку
вратата е отворена.
• По завршување на циклусот на перење,
проверете дали има уште прав од детергентот.
• Немојте да перете пластични садови, освен ако
носат ознака "безбедно за машинско перење“
или слично.
• Кај пластичните садови без ознака, проверете ги
препораките на производителот.
• Употребувајте исклучиво детергенти и средства
за плакнење препорачани за употреба во
автоматски машини за перење садови.
• Никогаш немојте во машината да ставате сапун,
детергент за перење алишта или детергент за
рачно перење.
• Не ја оставајте отворена вратата, бидејќи така се
зголемува ризикот од препнување.
• Доколку приклучниот кабек е оштетен, неговата
замена мора да ја изврши производителот,
сервис ангажиран од него или лице со слични
квалификации, како би се избегнала опасност.
• При поставување, приклучниот кабел не смее
да се витка или притиска на прекумерен или
опасен начин.
• Немојте непрописно да ги преправате
контролните тастери.
• Уредот е потребно да го поврзете со главниот
вентил за вода со помош на нов комплет црева.
Немојте да употребувате стари црева.
• Со цел заштеда на енергија, уредот во режим
на подготвеност автоматски ќе се исклучи ако
машината не е активна во текот на 30 минути.
Odlaganje
• За одложување на амбалажата и на самиот
уред, обратете се до центрите за рециклирање.
Исечете го приклучниот кабел и онеспособете го
механизмот за затворање на вратата на уредот.