68
MK
Склопување на полицата за шолји
За да направите повеќе простор во корпата за високи садови, подигнете ја полицата за шолји нагоре. На
тој начин, на неа може да потпирате високи чаши. Може и да ја тргнете доколку не Ви е потребна.
Склопување на полицата со шилци
Шилците се користат за придржување на чинии. Може да се спуштат за да се отвори простор за поголеми
садови.
Подигнете
нагоре
Склопете
наназад
ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ
Одржување на надворешноста на уредот
Врата и заптивка за врата
Заптивките за врата редовно чистете ги со мека, влажна крпа за да ги отстраните наслагите од храна. При
распоредување на садовите во машината, остатоци од храна и пијалок може да капат по страничните
делови на вратата од машината. Овие површини се надвор од просторот за перење и водата од
прскалката не може да ги дофати. Пред да ја затворите вратата, отстранете ги евентуалните наслаги.
Контролна табла
Ако е потребно да ја исчистите контролната табла, бришете ја ИСКЛУЧИВО со мека, влажна крпа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
• За да избегнете продирање на вода во бравата на вратата и во електричните компоненти, немојте да
користите никакви средства за чистење во вид на спреј.
• Никогаш не употребувајте абразивни средства за чистење или абразивни сунѓери при чистење на
надворешните површини, бидејќи може да го изгребат завршниот слој. Некои хартиени бришачи исто
така може да ја изгребат површината или да остават траги на неа.
Одржување на внатрешноста на уредот
Систем за филтрирање
Системот за филтрирање, сместен во долниот дел на просторот за перење, задржува покрупен отпад
настанат при циклусот на перење. Насобраниот отпад може да доведе до затнување на филтрите. Редовно
проверувајте ги филтрите и по потреба чистете ги под млаз вода. За чистење на филтрите, следете ги
наведените чекори: