70
MK
Грижа за машината за перење садови
Мерки на заштита од замрзнување
Во зимски период преземете ги сите мерки за заштита на машината од замрзнување. По секој циклус на
перење, сторете го следното:
1. Извлечете го приклучокот на машината за перење алишта од штекер.
2. Запрете го доводот на вода и тргнете ја доводната цевка за вода од вентилот за вода.
3. Отстранете ја водата од доводната цевка и од вентилот за вода. (За собирање на водата, употребете
леген)
4. Повторно поврзете ја доводната цевка за вода со вентилот за вода.
5. Тргнете го филтерот од дното на просторот за перење и со сунѓер соберете ја водата од одводот.
После секое перење
После секое перење, запрете го доводот на вода до уредот и оставете ја вратата делумно отворена за да
не се задржуваат влага и мириси во уредот.
Извлечете го приклучокот од штекер
Пред секое чистење или постапка на одржување, извлечете го приклучокот од штекер.
Не употребувајте растворувачи или абразивни средства за чистење
Не употребувајте растворувачи или абразивни средства при чистење на надворешниот дел и гумените
елементи на уредот. Употребувајте исклучиво крпа натопена во топла вода со сапуница.
За отстранување дамки од внатрешната површина на уредот користете крпа натопена во вода со малку
оцет или специјализирани производи за чистење машини за перење садови.
Кога уредот не се употребува подолг временски период
Се препорачува празната машина за перење садови да ја вклучите да работи еден циклус, а потоа да
го извлечете приклучокот од штекер, да го запрете доводот на вода и да ја оставите вратата на уредот
делумно отворена. Со оваа постапка ќе го продолжите животниот век на заптивките на вратата и ќе
спречите создавање непријатни мириси во внатрешноста на уредот.
Транспорт на уредот
Доколку е неопходно да го преместите уредот, обидете се да го направите тоа држејќи го во исправена
положба. Само ако тоа е навистина нужно, положете го на неговиот заден дел.
За да ја тргнете рачката од горната прскалка, .
повлечете ја рачката нагоре.
Рачките исчистете ги во топла вода со сапуница, а
за чистење на млазницата употребете мека четка.
По темелното плакнење, повторно поставете ги
во уредот.