72
MK
Како да го поврзете сигурносното доводно црево
1. Потполно извадете ги сигурносните доводни црева од складишниот простор на задниот дел од
машината.
2. Прицврстете ја завртката на сигурносното доводно црево на славината од 3/4 инчи со навој.
3. Пред да ја вклучите машината, целосно отпуштете ја водата.
Како да го отстраните сигурносното доводно црево
1. Запрете ја водата.
2. Отшрафете го сигурносното доводно црево од славината.
Поврзување на одводните црева
Вметнете го одводното црево во одводната цевка со минимален пречник од 4 cm или оставете го да
истекува во одводот, притоа водејќи сметка да не го превиткувате. Одводната цевка мора да биде
лоцирана на висина помала од 1000 mm. Слободниот дел од цревото не смее да биде потопен во вода
како би се избегнало враќање на водата.
Добро прицврстете го одводното црево и во случај на позиција A и во случај на позиција B.
Како да го испуштите вишокот вода од цревата
Доколку одводот е на висина над 1000 mm од подот, вишокот вода во цревата не ќе може да се испушти
директно во одводот. Неопходно е вишокот вода да го испуштите во некоја чинија или соодветен сад што
ќе го држите вон одводот и на пониско ниво од него.
Одвод на вода
Поврзете го одводното црево за вода. Одводното црево мора да биде правилно поврзано за да се избегне
протекување на вода. Уверете се дека одводното црево за вода не е превиткано или притиснато.
Продолжено црево
Доколку Ви е потребно продолжено одводно црево, уверете дека е слично на тоа на кое го поставувате.
Не смее да биде подолго од 4 метри; во спротивно, ефикасноста на машината за перење садови ќе се
намали.
Поврзување на сифон
Врската со канализацијата мора да биде на висина помала од 100 cm (максимално) од дното на машината
за перење садови. Одводното црево за вода е потребно да се фиксира.
Пулт
Заден дел на машината
Одводно црево
40 mm
Влез за вода
Одводна цевка
Кабел за струја