75
MK
Потполно интегриран модел
Прицврстете го носачот на дрвениот панел и поставете го во отворот кој се наоѓа на надворешната страна
од вратата на машината за перење садови (видете слика A). По позиционирање на панелот, прицврстете го
за надворешната страна на вратата со помош на шрафови и завртки (видете слика B).
Чекор 3. Нагодување на затегнатоста на спрегите на вратата
3. Затегнатоста на спрегите на надворешната врата е
фабрички правилно нагодена. Доколку поставите дрвен
панел, морате да ја нагодите затегнатоста. Свртете го
шрафот за нагодување за дополнително затегнување на
регулаторот или отпуштање на челичната сајла.
4. Затегнатоста на спрегите на вратата е правилно
нагодена ако вратата останува во хоризонтална
положба кога е потполно отворена и ако се враќа во
затворена положба со подигнување на прстот при
најмал напор.
Чекор 4. Поставување на машината за перење садови
НАПОМЕНА!
Погледнете ги наведените чекори за поставување на уредот на цртежите за поставување.
1. Под работната површина на кујнскиот елемент прицврстете бандаж-лента. Уверете се дека лентата
добро налегнува на работ од работната површина. (Чекор 2)
2. Поврзете го влезното црево со довод на ладна вода.
3. Поврзете го одводното црево.
4. Поврзете го приклучниот кабел.
5. Поставете ја машината за перење садови на местото предвидено за неа. (Чекор 4)
6. Изнивелирајте ја машината за перење садови. Задните ногарки може да се нагодат од предната
страна на машината за перење садови со вртење на крстестиот шраф кој се наоѓа во средината на
дното на машината. За да ги нагодите предните ногарки, употребете рамен одвртувач и вртете ги
предните ногарки сѐ додека не ја изнивелирате машината за перење садови. (Чекор 5 и Чекор 6)
7. Поставете ја украсната врата на надворешната врата од машината за перење садови. (Чекори 7 до 10)
8. Нагодете ја затегнатоста на спрегите на вратата со помош на имбус-клуч кој ќе го вртите во насока на
стрелките на часовникот, со што ќе ја затегнете и левата и десната спрега. Доколку тоа не го сторите,
може да ја оштетите машината за перење садови. (Чекор 11)
9. Машината за перење садови мора да биде добро прицврстена. Ова се прави на два начина:
A. Номинална работна површина: Поставете го носачот за прицврстување во отворот на страничниот
дел и прицврстете го за работната површина со шрафови за дрво.
B. Мермерна или гранитна работна површина: Прицврстете со шраф за странични делови.
1. Отстранете ги 4 кратки шрафа
2. Прицврстете ги 4 долги шрафа