78
MK
Проблем
Можна причина
Што може да се направи
На приборот за јадење
се појавуваат дамки
од ‘рѓа.
Приборот за јадење е направен од
материјал кој не е отпорен на ‘рѓа.
Избегнувајте да перете садови кои не се
отпорни на ’рѓа.
Машината не сте ја пуштиле да
работи веднаш по додавање
сол. Траги од солта стигнале до
циклусот на перење.
По додавањето сол, секогаш вклучете некоја
од програмите на перење без садови во
машината. Не ја вклучувајте опцијата Турбо(ако
ја има машината).
Капакот на садот за омекнувач не е
добро затворен.
Проверете дали капакот на садот за омекнувач
е добро затворен.
Во машината се слушаат
удари
Рачката на прскалката удира во
некој од садовите во корпата.
Прекинете ја програмата и повторно
распоредете ги садовите кои ја блокираат
рачката на прскалката.
Во машината се слуша
ѕвечкање
Кршливите садови не се стабилно
распоредени во машината.
Прекинете ја програмата и повторно
распоредете ги кршливите садови.
Во цевките за вода се
слушаат удари
Причина може да биде самото
место на поставување или
вкрстување на цевководи.
Ова на никаков начин не влијае врз машината
за перење садови. Ако се двоумите,
контактираје квалификуван водоинсталатер.
Садовите не се чисти
Садовите не се соодветно
распоредени.
Погледнете ги напомените во одделот
„Распоредување и отстранување на садовите
од Вашата машина за перење садови“.
Програмата не е доволно силна.
Вклучете поинтензивна програма.
Не е ставено доволно детергент.
Ставете повеќе детергент или променете го.
Садовите го блокираат движењето
на рачката на прскалката.
Повторно распоредете ги садовите така што
прскалката ќе може непречено да се движи.
Комплетот филтри е валкан или не
е правилно поставен на дното од
просторот за перење во машината.
На овој начин може да се блокира
млазницата на прскалката.
Исчистете ги и/или правилно поставете ги
филтрите. Исчистете ја млазницата на рачката
од прскалката.
Садовите од стакло се
матни
Комбинација на мека вода и
преголема количина детергент.
Доколку водата која ја користите е мека,
користете помалку детергент и пократки
циклуси за перење на стаклените садови.
На садовите и чашите се
јавуваат бели дамки
Употребата на тврда вода може
да предизвика создавање наслаги
од бигор
Ставете повеќе детергент.
На садовите се јавуваат
црни или сиви дамки
Садовите биле во силен контакт со
приборот од алуминиум.
За отстранување на споменатите дамки,
користете благо абразивно средство за
чистење.
Во садот за детергент
има останато детергент
Садовите го блокираат
отворањето на садот за детергент.
Повторно распоредете ги садовите на
соодветен начин.
Садовите не се сушат
Садовите не се правилно
распоредени.
Распоредете ги садовите на начин прикажан во
упатството.
Садовите се пребрзо извадени од
машината.
Не ги вадете садовите од машината веднаш по
завршување на циклусот на перење. Отворете
ја малку вратата за да ја испуштите пареата.
Извадете ги садовите дури кога температурата
во просторот за перење ќе се спушти доволно
за да може да ги допрете предметите. Најпрво
извадете ги садовите од долната корпа, со цел
водата од горната корпа да не капе врз долната.