162
Упатство за употреба и одржување
MK
Почитувани клиенти,
Тимот на TESY сака да Ви честита за купувањето на
новиот производ. Се надеваме дека новиот уред ќе
овозможи поголем комфор во Вашиот дом.
Овој технички опис и прирачник за употреба е
подготвен со цел да Ве запознае со производот и
условите за правилна инсталација и употреба. Овие
инструкции се наменети за квалификувани техничари,
кои ќе ја изведат инсталацијата, расклопувањето
и поправките во случај на дефект. Следењето на
напишаните инструкции е во интерес на купувачот и
претставува еден од условите на гаранцијата, како што
е назначено на гарантниот лист.
Ве молиме запомнете дека следењето на инструкциите
првично е во интерес на потрошувачот, но со тоа
истовремено е и услов на гаранцијата, како што е
назначено на гарантниот лист, така што потрошувачот
може да ги користи бесплатните услуги со гаранцијата.
Производителот не е одговорен за штета на уредот
која е предизвикана како резултат на работа и/или
инсталација која не кореспондира на инструкциите.
Електричниот бојлер се согласува со барањата на EN
60335-1, EN 60335-2-21.
I.
НАМЕНА
Намената на уредот е доставување на топла вода во
дом кој е опремен со водоводен систем со притисок
понизок од 6 бари (0,6 Mpa). Тој е дизајниран за
работа само во затворени и загреани простории каде
температурата не е пониска од 4°C и не е дизајниран да
работи во континуиран, проточен режим.
Уредот е дизајниран да работи во региони каде
тврдоста на водата не е повисока од 10 °dH. Во случај
уредот да се инсталира во регион каде водата е
потврда, можно е многу брза појава на бигор. Ова може
да предизвика специфична бучава при загревањето,
како и брзо оштетување на електричните делови. За
региони со потврда вода се препорачува ходишно
чистење на бигорот, како и употреба на грејна моќност
не поголема од 2 kW.
II.
ТЕХНИЧКИ ПАРАМЕТРИ
1.
Номинален волумен V, литри - види плоча со
информации за уредот
2.
Номинална волтажа - види плоча со информации за
уредот
3.
Номинална потрошувачка на енергија - види плоча
со информации за уредот
4.
Номинален притисок - види плоча со информации
за уредот
Ова не е притисокот на доводот за вода. Ова е
притисокот кој се назначува за уредот и се
однесува на барањата на безбедносните стандарди.
5.
Вид на греач за вода – греач за вода од затворен тип,
со термална изолација
6.
Внатрешен слој – за модели: GC - стакло-керамика;
За модели без топлоизменувач (серпентина)
7.
Дневно потрошувачка на електрична енергија -
види Прилог I
8.
Прогласен товарен профил- види Прилог I
9.
Количеството на мешаната вода при 40°C V40 во
литри - види Прилог I
10.
Максимална температура на термостатот - види
Прилог I
11.
Фабрички зададени температурни подесувања -
види Прилог I
12.
Енергетска ефикасност при загревање на водата -
види Прилог I
За модели со топлоизменувач (серпентина)
13.
Капацитет топлина складирање во литри - види
Прилог II
14.
Топлотни загуби на нула оптоварување - види
Прилог II
III.
ВАЖНИ ПРАВИЛА
•
Бојлерот за вода мора да се монтира во места со
нормална отпорност на пожар.
•
Не го вклучувајте бојлерот освен ако не установите
дека е наполнет со вода.
•
Само квалификувани специјалисти за водовод
и електрика смеат да го изведат поврзувањето
на бојлерот за водоводот и електричната мрежа.
Квалификуван техничар е лице кое е компететно
според регулативите на државата за која станува збор.
•
По поврзување на бојлерот за електричната мрежа,
мора да се води грижа да се поврзе безбедносната
жица.
•
Ако постои веројатност температурата на
просторијата да падне под 0°C, бојлерот мора да
се испразни (следете ја процедурата назначена во
поглавје V, дел 2 ‘’Водоводно поврзување на бојлерот”).
•
При работа – режим на загревање – вообичаени се
капки вода низ отворот за одвод на заштитниот вентил.
•
Заштитниот вентил треба да биде отворен на
атмосферата. Потребно е да се преземат мерки и
да се собере истечената вода за да се спречи штета,
осигурувајќи се дека ова е во согласност со барањата
опишани во дел 2, параграф V.